Задоволна до максимум. Бидејќи се работи за многу мало гратче, се ми е на дофат на рака и до секоја дестинација можам да стигнам пеш, за најмногу дваесетина минути. Кога би ги поврзала најоддалечените точки на градов, би добила период од триесет минути, дваесет за оние со поголеми стапала.
Нормално, ненормално големата близина на објектите, па оттука и на луѓето вродува со бројни недостатоци и тоа не прави просторно село. Дотолку повеќе е проблем што и луѓето почнуваат да се однесуваат како сељаци. Оговарањето е иљач за секоја мака, наместо- добро утро. Никој да не ве лаже дека зависта е голема во поголемите градови. Овде ја имаме за извоз. Но, ако ги скратиме овие небитни елементи на равенката, ќе го добиеме најубавото место за живеење во Македонија. Бидете сигурни дека ова не го кажувам пристрасно, затоа што и многу мои несограѓани го делат истото мислење.
Ретко каде ќе најдете онолку многу зеленило, вода и небо на едно место. Сте пиеле кафе овде сите, ако не повеќе, еднаш во животот.