Дали самите си ја правиме сопствената среќа?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Дефинитивно да. Нормално, туѓи постапки влијаат врз нас, но секокаш имаме избор. Верувам дека секоја постапка што ја правиме во текот на денот, од онаа најмалата како што ќе јадеш за ручек, до оние поважните кои посилно влијаат врз иднината, ја одредуваат насоката на следните случувања во животот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and kones

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
32
Битола
да самите си сме виновни за се шо ни се дешава.. самите одбираме кај ке одиме, со кој и на каков начин ке ни биди патувањето.. па според тоа мислам дека самите си сме виновни за нашата ' среќа' или несреќа
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
33
Струмица
И јас се согласувам со претходните коментари, самите си ја кроиме, самите бираме пошто ќе одиме, и после тоа гледаме дали сме го избрале правиот пат или не... затоа пред да се направи било што треба да се размисли два пати... за да има после каење, како кај мене што е многу често... :)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
32
Битола
нема прав или крив пат... сето тоа води кон едно исто место... различен е начинот со кој се движиме и брзинаат со која се движиме... пример сте одбрале според вас лош пат.. тоа значи дека се шо ви се десило после таа одлука за одбирање на тој правец е лошо?.. гарант имало и некој добри моменти.. зато нема лош и добар пат.. иам само лош и добар начин на движење...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
И за сопствената среќа и за сопствената несреќа, најчесто сами сме си „виновни“. Секако има и моменти кога пресудни се случајности или „виша сила“. Сепак во нас се и моќта и немоќта за спознавање на среќата и надминување на несреќата. И да, изборот е наш, дури и тогаш кога избираме да „изиграме“ на сопствена „штета“ заради нешта кои ни се поважни од нас.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не. Работи како болест или смрт можат да дојдат во многу среќни моменти за кои не бираме ни време ни место, а ни одредуваат понатамошен тек на живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK