И да и не. Колку што постојат фактори врз кои можеме да влијаеме и да ги смениме за посреќен живот, толку постојат и фактори кои може да влијаат врз нас.
Од кај да знаев јас дека плановите ќе ми ги поремети толку силна анксиозност, што не само психички, туку и физички ме оневозможи да се посветам на било што. Тука отидоа и планови за патување, за работа, за врската, итн. Имаше период кога станав и агорафобична, па дури ни дома не се чувствував „безбедна“ од панични напади и константна физичка малаксаност, болки низ цело тело, грчеви и да не набројувам пошто е друго темата.
Муабетот ми е дека во тие моменти и не можеш да размислуваш среќно и да направиш нешто убаво за себе. Гледаш само да преживееш од ден за ден.
Од друга страна ги имаме пак оние ликови на кои сите работи им се понудени на тацна и нивно е само да пружат рака, но не го прават тоа. Некои сакаат да глумат жртви, некои да тераат од ден за ден, без некакви планови за иднината, трети можеби се борат со невидливи демони иако однадвор изгледаат здраво.
Среќата во глобала зависи од нас, но само ако сме здрави и спремни за предизвици. Па дури и тогаш не е чудно ако наидеме на неочекувани пречки.