Дали може да се предвиди смртта?

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Јас ете да ви кажам ми има раскажувано баба ми за некој нејзин далечен роднина си ја предвидел смртта, ги викнал синовите и им кажал дека таа вечер во 00.00 ке умрел и стврано така се десило... Друго, на таткоми братучед од Австралија 30 годишен, нели таму во Австралија гробното место се купува.. И отишол човекот дента, си ги платил долговите, си го купил гробното место и на вечерта ошол во дискотека и играјќи починал.... И уште нешто на мајками вујко 50 годишен си седел еден ден и зел некој лист и си го нацртал гробот и му рекол на сопругата ваков гроб сакам да ни направите.. а човекот ни болен ни ништо и по една недела умрел.... Има некои луѓе што си ја предвудуваат смртта али не сите...
Да се сложувам ако пред тоа имал испиено отров и знаел за колку време ќе делува или евентуално му бил цијанидот при рака па во 00 00 го стаил под јазик...предвидување за смртта сум чул само за Нострадамус,а вакви приказни како твоиве се интересни за слушање ама далаку се од вистинити.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

srcu6ka

Нов член
22 март 2013
11
3
3
Да се сложувам ако пред тоа имал испиено отров и знаел за колку време ќе делува или евентуално му бил цијанидот при рака па во 00 00 го стаил под јазик...предвидување за смртта сум чул само за Нострадамус,а вакви приказни како твоиве се интересни за слушање ама далаку се од вистинити.
Извини не се приказни туку се вистински случки, Па и никој не те тера да поверуваш во тоа што го напишав.. Твое мислење е поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
не верувам,постои состојба во која сите сме се нашле а кога нема да умреме што веруваме дека воскреснавме :rofl
 

niche123

Истакнат Член
7 март 2013
32
6
108
На сон ми се прикажа смртта на двата дедовци и едната баба. Се разболев и за малце и јас не умрев... итн... Болни приказни се, ама ајде ќе почнам..
За баба ми не можам да зборувам, ми се плаче дури и кога ќе помислам на неа иако веќе скоро 3 години како е умрена.. Таа чувствуваше дека и се ближи крајот со месеци, а никој не ја сфаќаше сериозно освен јас. Со неа бев најблиска...Последната недела пред да почине сонував еден сон...не би навлегувала во детали, ама битно значењето беше дека ќе умре некој многу близок.. три дена не поминаа и баба умре..жалам што не бев со неа во последните минути...премногу жалам...
Дедо ми - почина седум месеци после баба ми...И тој чувствуваше дека ќе умре. Последниот месец се сеќавам дека трчеше на сите страни, одеше на гости за да се види со сите, ги подмири сите сметки и заштедата ја извади од банка и и’ кажа на мајка ми кај се наоѓа.. Последната недела беше омалаксан, ама пак не разведруваше сите со неговите закачки и зафрканции. Паметам вторник беше...Сонував дека земјата во дворот на куќата на баба ми и дедо ми се подига на две места исто како два свежи гроба... од нив излезе едно големо чудовиште, нешто налик на октопод..ја фати сестрата на дедо ми и таман да почне да ја јаде, баба ми фати да го удира чудовиштето...ја зеде неа наместо сестрата на дедо ми и ја изеде...дедо ми дојде божем да ги спаси ама и него го снајде истата судбина како и баба ми - беше изеден..и на крајот само ми се прикажа 3,2,1 како она одбројувањето пред филмовите на сител што беше и се разбудив. Тие три дена од дедо ми не се делев, тој ми ги кажуваше моите омилени приказни од детството, кога како мала кај нив седев по 2-3 месеци. Во четвртокот ми зборуваше нешто за животните лекции и неговите искуства, сакаше да знам како да можам да се справам со различни ситуации и луѓе понатаму во животот, ме советуваше велејќи дека нема да има време, дека времето истекува...Утредента во петокот (точно три дена откако го сонив сонот) бев останата на училиште после часови оти се спремав за натпревар по германски јазик. Телефонот ми заѕвони и јас се јавив. Ми кажаа дека дедо ми починал утрината,ама не ми кажале оти не сакале да ме вознемират додека сум на училиште. Чантата ја оставив и отидов право таму..
И за другиот дедо сонував...Точно една недела пред да умре тој, татко ми си имаше дојдено од работа во странство за да ги поминеме празниците заедно. Дедо ми тој ден не собра сите и еден по еден, сите не советуваше, ни оставаше аманети... Чувствував дека не се шегува.. Чувствував дека ќе умре... Истата вечер сонував.. Утредента дедо ми падна в кома сосем неочекувано и повеќе не се разбуди. Исто како и во сонот, умре за точно 6 дена, рано утрината.
Умрев од плачење...Секоја вечер кошмари во текот на една година..Не беше лесно.
Сонував дека јас одам низ некоја темнина, нешто како тунел. Сакав да одам напред кон светлината ама некоја сила ме повлече наназад и не можев да се мрднам и се разбудив целата препотена и и исплашена...Знаев дека не е нешто што треба да се игнорира...
Подоцна имав проблеми со бубрезите и нагло ослабев многу, бидејќи го изгубив апетитот. Ме однесоа в болница и од немајкаде ми најдоа некој проблем со срцето, рекоа од многу стрес, ама ептен лоша беше ситуацијата. Некако се опоравив фала богу сеа добро сум...
Толку веќе..не можам да зборувам повеќе...проклето многу боли..
исти случај со баба ми.Ја обожавав.Сонував дека летаме и дека ја се задржив и она падна :(
 

malata..

Истакнат Член
16 февруари 2013
38
42
318
Па може, ама не секој. Мојот дедо ден пред да почине и рекол на баба ми да спрема подарок за на другиот свет(пред неколку години почина мојот вујко со кој дедо ми беше поврзан многу)..
Малце језиво :ladno
 

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Не верувам .. тоа ти е исто како да си претпоставиш дека утре некој ќе дојде на врата и ќе ти остави 50000 евра :)
Ако веруваш може и ќе ти се случи :rolleyes:

Верувам дека некој работи може да ги предвидиш - или поточно дека имаш некое претчуство дека ке се случат - и се случуваат.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Ако веруваш може и ќе ти се случи :rolleyes:

Верувам дека некој работи може да ги предвидиш - или поточно дека имаш некое претчуство дека ке се случат - и се случуваат.

а што да верува....дека некој ќе дое и ќе му даде 5000 евра на врата ??
ај објасни ми како ?? :)
 

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
а што да верува....дека некој ќе дое и ќе му даде 5000 евра на врата ??
ај објасни ми како ?? :)
Едноставно Ќе се наоружаш со позитивна енергија и нон стоп ќе си мислиш на желбата. Секоја желба се исполнува само треба стрпливо да чекаш. Биди стрплив еден ден ќе се случи невозможното. Испробано, верувај ми. :showoff
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
Едноставно Ќе се наоружаш со позитивна енергија и нон стоп ќе си мислиш на желбата. Секоја желба се исполнува само треба стрпливо да чекаш. Биди стрплив еден ден ќе се случи невозможното. Испробано, верувај ми. :showoff

позитивна енергија.....
секоја желба се исполнува...не би рекол...со мислење на позитивност не би рекол дека ќе ти се исполни секоја желба...
тоа мислење на позитивност ти дава само надеж дека некогаш ќе ти се исполни таа желба....ама тоа е само некогаш :)
а можно е и никогаш да не се оствари....нели ?? :)
 

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
позитивна енергија.....
секоја желба се исполнува...не би рекол...со мислење на позитивност не би рекол дека ќе ти се исполни секоја желба...
тоа мислење на позитивност ти дава само надеж дека некогаш ќе ти се исполни таа желба....ама тоа е само некогаш :)
а можно е и никогаш да не се оствари....нели ?? :)
Сам си кажа ама тоа е само некогаш :) вториот дел не го земаме во обзир