Посоодветно би било ,,озборување‘‘ од ,,оговарање‘‘.
Инаку дали мажите озборуваат повеќе од жените, не знам, статистички податоци немам, ама гледам бројот на мажи озборувачи расте.
Јас лично озборувам, да од тие лошите сум што си озборуваат дур си пијат кафе.
Ама сега па, да се разбереме има и те каква разлика од тоа дали дискутираш за горе долу познати теми ( од типот нечии лапсуси, аутфитови, кој каде, со кого, зошто, чисто да си во тек со настаните де
, ама се додека тоа останува во кругот во кој се наоѓаш) или при муабетот т.е. озборувањето често употребуваш хипербола и изнесуваш ,,факти‘‘ без некоја основа. Првото може да биде забавно (кој не трачари?), второто во никој случај.