Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Мажите често зборат за најдоброто пиво, ракијата што ја испиле, за коли, мотори, копјутери, јаки женски што поминуваат иначе вонадгледно мисам дека жените повише оговараат
И ова зависи од маж до маж и од неговиот карактер.
Познавам машко што се дружи нон стоп со жени, па попримил и карактеристика повеќе да зборува за животот на другите луѓе и што прават, како прават и сл.
Друго машко па за разлика од него воопшто не сака да дискутира за други луѓе.
Би рекла дека се зависи од ситуацијата, но ете сите викаат мажите повеќе оговараат
Изгледа дека мажите оговараат повеќе од жените. Поголеми оговарачи се. Наместо жените да бидат такви, сега тие стануваат такви. И не само оговарачи, туку и мрзливи се. Вечни деца што бегааат од обврски.
Јас мислам дека жените повеќе озборуваат. Ама според мене од личност до личност зависи ова. На некого тоа му е во крвта и нема друга работа освен да го пика носот каде што не му е место. За туѓиот живот зборуваат само личности кои немаат сопствен живот. Затоа што им е досадно , а не знаат да си најдат хоби го прават тоа.Најмногу мразам озборувачи , а посебно оние лицемерни озборувачи. Зад грб зборуваат се најлошо за тебе, а кога ќе те видат некаде ти се умилкуваат и лигават. Од такви ми се гади.