Во ред, малку да ја разјаснам темава.
Темава не е општо за пари, туку за тоа како и дали парите ги менуваат луѓето. Колкави се разликите помеѓу луѓето кои имаат пари, и тие кои немаат толку многу, ако воопшто има разлики.
Какви стануваат луѓето кои израснуваат во побогато семејство, а какви стануваат луѓето кои израснуваат во семејство кое нема толку пари?
Кога веќе сме тука, какви се разликите кај овие деца? И од што зависи дали едно дете ќе се однесува разгалено и размазено, или ќе ги цени работите?
Зошто луѓето претпоставуваат дека тие кои имаат пари не знаат да ценат работи? Дека се лоши, дека мислат дека се над сите.
Дали истото го мислат за тие кои немаат толку многу пари? Или пак мислат дека тие се подобри луѓе? Сепак, тие кои немаат толку многу пари може да се наслонат на криминалот како начин на заработка што може да заврши лоши за многу луѓе, па и за нив.
Можеби некој може да сподели лично искуство.
Сакам, истотака, да разјаснам дека намената на оваа тема не е за фалење или пак жалење, туку за мислења и можеби неколку лични искуства. Така да нема потреба да ги спомнувате вашите куќи со 7 спални, приватни острови, хелихоптери и јахти.
Мислењата на шегобијците и само-декларираните тролови ќе побарам да бидат отстранети.