Дали и како парите влијаат на луѓето?

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Во ред, малку да ја разјаснам темава.

Темава не е општо за пари, туку за тоа како и дали парите ги менуваат луѓето. Колкави се разликите помеѓу луѓето кои имаат пари, и тие кои немаат толку многу, ако воопшто има разлики.

Какви стануваат луѓето кои израснуваат во побогато семејство, а какви стануваат луѓето кои израснуваат во семејство кое нема толку пари?

Кога веќе сме тука, какви се разликите кај овие деца? И од што зависи дали едно дете ќе се однесува разгалено и размазено, или ќе ги цени работите?

Зошто луѓето претпоставуваат дека тие кои имаат пари не знаат да ценат работи? Дека се лоши, дека мислат дека се над сите.

Дали истото го мислат за тие кои немаат толку многу пари? Или пак мислат дека тие се подобри луѓе? Сепак, тие кои немаат толку многу пари може да се наслонат на криминалот како начин на заработка што може да заврши лоши за многу луѓе, па и за нив.

Можеби некој може да сподели лично искуство.

Сакам, истотака, да разјаснам дека намената на оваа тема не е за фалење или пак жалење, туку за мислења и можеби неколку лични искуства. Така да нема потреба да ги спомнувате вашите куќи со 7 спални, приватни острови, хелихоптери и јахти.

Мислењата на шегобијците и само-декларираните тролови ќе побарам да бидат отстранети.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас немам свое лично искуство во врска со темава но сепак ќе го искажам своето мислење.
Има разлика помеѓу децата израснати во богато семејство и помеѓу сиромашите деца бидејќи освен пари родителите не им дале ништо на своите богати деца и тоа што ги научиле дека се со пари се купува што не им посветиле внимание да ги научат вредните работи во животот како што се љубовта , формирањето семејство, чесната работа и како се станува човек. Тие со цел да им обезбедат подобар материјален живот работејќи деноноќно во некои поголеми претпријатија ги запоставуваат своите деца и тие во животот освен пари во ништо друго не гледаат мотив за живот со тоа тие мислат дека се над сите ако имаат пари ..
Додека пак кај оние деца кои се израснати во посиромашни семејства се поразлични тие од мали нозе учат да ги ценат вистинските работи во животот иако немаат добар материјален живот љубовта од нивните родители кои им ја пружаат во секое време кога им е потребно тие се борат за подобар живот и растат во добри и чесни и фамилијарни луѓе ,сепак и од посиромашните луѓе имаат кои што одат во погрешни правци стануваат криминалци, дилери макроа итн мислејќи дека така на побрз начин ќе обезбедат подобар живот тие се самоуништуваат..
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Добра тема но ке и се навратам во некое поинакво расположение за да можам малку поинаку да сум сконцентрирана,во овој наврат кога го исчитав сега воведот,не од сеир но сакам одприлика ова да го кажам и покажам.:)
539164_10151009819416852_23701694_n.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се зависи од воспитувањето. Ако имаш повеќе пари, не значи дека не можеш да му ја пружиш 100% сета љубов на твоето дете и да го научиш за вистинските вредности.
Имав една другарка, кога беше мала нејзиното семејство немаше многу пари. Иако финанскиската ситуација им се смени со текот на годините, до ден денес пати од коплекс на ниска вредност. Кога се дружевме низ основно, имаше многу силна потреба да покаже дека има пари. Секоја прилика ја искористуваше за да се покаже дека живее поубаво, дека поседува скапи работи, дека добива облека и играчки од странство и слично, што премногу ми идеше на нерви. И денес истата приказна, иако не е повеќе дете.
Факт е дека парите ти овозможуваат повеќе работи во животот. Познавам луѓе од мали кои до ден денес се со истиот висок статус, но не се вообразени или дигнати. Повеќето се ангажирани во различни спортови и други хоби активности. Се поради парите кои им овозможиле да купат сноуборд и опрема, електрична гитара и појачало, итн.
Не верувам во стереотипот кој е прикажан по сериите, дека (по)богатите луѓе се assholes & bitches. Како што кажав, се зависи од воспитуваето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Aaliyah

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Влијаат и тоа како.За Жал негативно(се разбира кај најголемиот дел од луѓето секако има и исклучоци) сепак зависи од повеќе фактори.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Се зависи од карактерот и од домашното воспитување. Имав јас еден другар одсекогаш бил богат, ама додека беше средно татко му го тераше да си го заработи лебот додека учи, да го научи семејниот бизнис дека он еден ден ќе го води, ама се разбира не по цена на учењето. И детето беше топ, знаеше барем тогаш да ги цени парите, се дружеше со луѓе не гледаше дали се богати или не. Се додека не се запиша на еден од нашиве приватни факултети и парите не му удрија во глава. Така да зависи многу и од карактерот на човекот. Што ако него го учеа да ги цени парите, да знае да заработи со свој труд, кога сето тоа исчезна кога почна да се дружи со поимотни луѓе.

Не сакам јас генерализирање ама ич. Не мора да значи дека ако некој е богат дека не ги цени парите, дека ги понижува другите обични смртници или слично.
Или пак дека тие што се посиромаси дека од желба да напредува ќе стане криминалец или не знам што, и дека ќе гази се пред себе.

Имам уште едно другарче многу блиско, кое од посиромашна фамилија успеа да си заврши факултет(со многу добар просек), и да си најде многу добра работа со убава плата. Па не му удрија парите во глава, си остана таков како што е. И покрај тоа што може да си дозволи повеќе од другите не заборавил од каде дошол.

Да не се повтрорувам по сто пати, освен домашното воспитување игра и голема улога карактерот на човекот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati, Aaliyah and Coelho

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не сакам воопшто генерализирања, па затоа ќе се обидам да ги одбегнувам.

Познавам луѓе кои се богати и отсекогаш биле богати, познавам луѓе кои биле богати и повеќе не се, познавам и луѓе кои се богати но до пред некоја година не беа, познавам и луѓе кои не се богати и не беа богати. Погледите кон парите на сите се различни, но првично зависат од нивната човечност.

Имав другар кој што се дружеше долго време со нас. Заедно излегувавме, заедно одевме на школо, по цели денови бевме заедно. Почна да се збогатува, си купи кола, почна да троши по многу и на крај почна да не` потценува само затоа што имаше повеќе. Сега се дружи со едни локални фраери и никако да сфати дека го имаат само од корист, но тој мисли дека така ќе стане „фаца“ во градов. Повеќе и не зборува исто, секој збор му е потценување и величење на неговото его. Стана преголем материјалист и повеќе не ми е битно ни „Здраво“ да ми рече.

За разлика од него имам примери кои отсекогаш биле богати и никогаш не потцениле никого, напротив дури и ќе ти помогнат ако треба и знаат да почитуваат кога некој е човечен спрема нив. За жал има и обратни, отсекогаш богати и мислат дека ако имаат пари се класа повисоко и не смееш да им презбориш.

Гледано глобално, парите стануваат најголемото влијание на човековото однесување. Парите го вртат светот, да...за жал така е. Имам илјадници примери во градов, луѓе кои сакаат да се покажат како богати но вистината е дека нивните дома трпат за леб поради тоа и сето тоа го прават мислејќи дека ако покажат дека имаат пари повеќе ќе ги цениш. Општо земено оние кои немаат многу пари, многу повеќе внимаваат на тоа каде и како трошат пари. Не, не велам дека оние кои се богати не внимаваат, но повеќето од тие кои имаат пари многу полесно даваат.

Јас верувам дека ако некој е научен уште од мал да ги цени луѓето според тоа што се, а не според тоа колку се богати и дека парите се потрошен материјал кој некогаш го имаш повеќе - некогаш помалку но никогаш не треба да им станиш роб, нема да дозволи парите да влијаат врз него. Се` додека има баби кои на внуките им викаат уште од малечки „Гледај таму да си земеш некој богаташ, да си уживаш“ ќе има и спонзоруши и изгубени вредности.
 

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
Во главно оние кои имаат повеќе пари од потребното, не знаат да ги ценат работите и имаат лоши особини(најчесто летаат во небо, размислуваат само по свои и не сакаат да чујат за друго). Но познавам човек кој има премногу пари, а никој не знае за тоа. Тој е сосема скромен и не може да се примети дека има толку пари.
Така да тој што си има добро воспитание и добар карактер ништо неможе да го расипе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coelho

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Луѓето претпоставуваат дека тие што имаат пари не знаат да ценат,а не се далеку од вистината.
Затоа што кога ќе му дадеш на човек сума на пари што е правопропорционална со неговите желби,неговите желби ќе станат реалност,но ќе мора банката на желби пак да ја наполни. Затоа што нема рамнотежа помеѓу желбата и можноста кај човекот,таа вага очигледно е расипана. Парите имаат и одлично влијание,имаш кеш,те мава ендорфин,ќе си исполниш желба,ќе си купиш одредено нешто,топ ти е и... Ти треба нова желба. А за таа немаш пари. Уште не си се порадувал за првово,бараш ново. Тука е лошото влијание. А човекот како што реков не може да воспостави рамнотежа помеѓу тие две.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор