Парата секогаш била најмоќното оружје. Што повеќе можеш да си приуштиш, толку повеќе себе се ставаш на пиедестал ко недопирлив за обичните смртници. Нормално, не мора секој да го покажува тоа т.е. да ти го бутка под нос, но разликите се забележуваат во однесувањето. Имам другар(к)и што се троа побогати, и иако имаат фини, приземни карактери, сепак се забележуваа онаа нота - не купува небрендирано нешто, гадешливи се, пребирливи, едноставно си имаат изградено некој надмен критериум кој си го дозволиле со помош на парите.
Јас сум имала и повеќе, сум имала и помалку, и сметам дека тоа е оној потребен баланс кој го тера човека да ја воочи туѓата внатрешност, а не длабочината на џебот. Зашто, да не се лажеме, некогаш најдлабоки џебови се скинатите.
Што повеќе мене ме иритира, е лажната слика што многу ја создаваат за себе. Не мора да е некој апла богат, ако треба ќе гладува за да купи Mac, iPhone, некоја спортска кола на старо исплаќана на рати, или пак ќе добие од богат татенце на поклон, ама после ќе се фуфка пред другите што поштено си го заработиле Југото.
Исто го имам забележано и синдромот на потценетост кај “понискиве“ класи, ко демек ако некој е богат, автоматски е образован, академик, достоен за почит, а другиве може милион пати да се повредни од него кој нема 2 водички во очи, но ете, самите се деградираат поради тоа што се сметаат недостојни и под негово (финансиско) ниво.
Не за џабе рекле дека парите го вртат светот.