Дали знаете да простувате и колку често го правите тоа?

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Знам да простам, доколку навистина е заслужено. Доколку навистина НЕСАКАЈЌИ згрешил, и стварно не сакал да ме повреди, било кој. А знам и лесно да простувам, некогаш и не треба, ама.. кога сфанам дека и јас многу пати сум згрешила и знам кое е чувството кога згрешеш..
И да, многу е, стопати е подобро кога си ја признаеш грешката, ма колку и да боле за тебе, сепак со тоа прифаќаш и одговорност а со тоа и повеќе созреваш, али ако навистина искрено ја признаваш грешката :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Можам да кажам дека сум простил некому само за да не ми цмиздри постојано, инаку вистински не простувам никогаш и ништо. Не можам да простам никому, па затоа не ни барам некој мене да ми простува. Го сметам тоа за подмолен чин. Не сфаќам што толку вреди еден глупав збор.
 

Sugar

Истакнат Член
19 февруари 2012
502
1,110
393
У принцип, да.. простувам. Па и ги заборавам некои грешки ( зборам за оние кое постојат искрени извинувања ), освен ако не зачестат .. И знам да речам извини, дури и за најмала ситница, од проста причина што се чувствувам на некој начин должно спрема таа личност :)
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
570
393
Е зависи од ситуацијата, зависи колкав е степенот на грешката. Особина на зрелите луѓе е да простат.
Простувам во вистинска смисла на оние кои мислам дека заслужиле. На другите исто им простувам, ама избегнувам или евентуално прекинувам комуникација со нив.

Меморијата ме служи добро па иако простени, големите и мали, свесни или несвесни неправди кои ми биле нанесени не избледуваат. Избегнувам да им судам на луѓето, кога тогаш секого го стигнува неговата зааслужена казна.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
секогаш простувам,но за се ми треба време,во зависност од тоа колку грешката ме повредила толку време и ке ми треба.простувам но не заборавам.ако личноста што ме повредува често го повторува тоа,простувам и се дистанцирам од неа или во краен случај простувам и не комуницирам.простувам бидејки несакам да си ја трупам душата со неубави мисли да не рецам горчини,се дистанцирам за да не ме доведе до ситуација да возвратам со иста мера.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
простувам...дури и коа сум свесна дека на некој нешто ни под разно не смеам да му простам, зш знам дека ќе ја повтори истата грешка...али ете...шо би рекле многу простено е, ама не е заборавено...
 

Utopian

Староседелец
3 април 2012
27
24
1,003
30
Простувам кога знам дека повредата била ненамерна, или другата личност била приморана да го направи тоа. Простувам кога знам дека сум повреден и измамен со причина. Простувам обично на прв пат, не заборавам но несум злопамтило.
Ако се случило еднаш можеби нема да се случи вторпат. Но ако се случи вторпат биди сигурен дека ќе се случи и третпат, а јас по вторпат да видам знак на недоверба, тогаш не простувам.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
За жал, простувањето не е природно за двата пола. Мажите потешко простуваат од жените.
unforgivin_resize.jpg

Но тоа може да се смени доколку мажите развијат чувство за емпатија така што ќе сфатат дека и тие можат да направат слична грешка како и личноста која ги повредила. На тој начин се елиминира јазот помеѓу половите и мажите стануваат помалку осветољубиви.
Џули Екслајн, психолог на Кејс Вестерн Ризерв Универзитетот е главен автор на текстот “Not so Innocent: Does Seeing One’s Own Capability for Wrongdoing Predict Forgiveness" кој е објавен во "Journal of Personality and Social Psychology". Таа има соработувано со истражувачите Рој Баумајстер и Ен Зел од Државниот Универзитет на Флорида, Ејми Крафт од Државниот Универзитет на Аризона и Шарлот Витвлит од Хоуп Колеџот.
Во седум истражувања поврзани со простувањето кои Екслајн ги спроведуваше од 1998 до 2005 година врз повеќе од 1400 студенти на колеџ, постојано се појавуваа разлики помеѓу машките и женските испитаници. Кога од нив беше побарано да се присетат на своите испади, мажите стануваа помалку осветољубиви кон оние кои ги навредиле. Кај жените кои се фокусираа на навредите кои самите ги искажале, и кои имаа понизок степен на осветољубивост, не беше забележана промена во простувањето. Кога жените се присетуваа на своите испади, тие се чувствуваа виновни и имаа тенденција да ги преувеличуваат.
sad-man_resize.jpg

"Воопшто не предвидовме дека ќе има разлика помеѓу половите. Во суштина бевме затечени, бидејќи таа се појавуваше постојано во сите наши студии," изјави Екслајн. "Се обидувавме да ја објасниме, но таа продолжуваше да се повторува во експериментите."
Студиите (кои беа поддржани од страна на Фондацијата Џон Темплтон) користеа хипотетички ситуации, присетувања на вистински навреди, индивидуални и групни ситуации и анкети за да ја проучат способноста за простување.
Екслајн вели дека претходните студии покажаа дека во основа (без никакви интервенции), мажите имаат тенденции да бидат поосветољубиви од жените, кои за разлика од нив, уште од детството се воспитувани да се "стават во туѓа кожа" и сочувствуваат со останатите.
forgiveness_resize.jpg

Во студијата на Екслајн, жените кои се присетуваа на навреди кои им биле упатени, не покажаа зголемено ниво на осветољубивост како мажите. Жените, кои уште од мали нозе се учат да сочувствуваат со другите, се ориентираат кон градење на врската и не посакуваат да ја истераат правдата по секоја цена одмаздувајќи се до тој степен како мажите.
Истражувачите открија дека припадниците од двата пола се понаклонети да простуваат штом увидат дека и самите би можеле да ја направат истата грешка како другата личност; така се чини дека навредата е помала. Способноста за набљудување исто така овозможува да се развие емпатично сфаќање за испадот. На тој начин луѓето ги доживуваат оние кои ги повредиле како слични на нив. Секој од овие фактори, за возврат, овозможува потолерантен став и го зголемува шансите за простување.
"Навредите се простуваат полесно доколку се чини дека се мали и сфатливи и кога се доживуваме себеси како слични или блиски со личноста која не навредила," вели таа.
forgiveness5_resize.jpg

Екслајн откри дека оваа способност за идентификување со личноста која не повредила исто така може да се случи и во меѓугрупните конфликти (во една студија која ја посвети на простувањето на терористите од 9/11).
"Кога луѓето можеа да замислат дека и нивната сопствена влада е способна да направи нешто слично како терористите, тие беа помалку осветољубиви," подвлекува таа. "На пример, помала беше веројатноста дека ќе инсистираат на погубување на прекршителите на лице место, или пак да се залагаат за смртна казна. Истовремено повеќе се залагаа за преговори и економска помош."
reconciliation_resize.jpg


Дали и колку вие простувате?

За какви работи не простувате и дали заборавате ако сте простиле некому за некоја грешка?