Од каде знаеме дека живееме во „последните денови“?
КАКО да бидеме сигурни дека живееме во времето кога Божјето Царство ќе стори нешто против денешните облици на човечко владеење? Од каде знаеме дека сме многу близу до времето кога Бог ќе стави крај на сето зло и страдање?
И учениците на Исус Христос сакале да го знаат истото. Тие го прашале Исус каков ќе биде „знакот“ за неговата присутност во царска моќ и за „свршетокот на овој поредок“ (
Матеј 24:3). Исус одговорил така што подробно ги опишал светските настани кои ќе го потресат светот и придружните услови кои ќе покажат дека човештвото влегло во „времето на крајот“, во „последните денови“ од овој поредок (
Даниел 11:40; 2. Тимотеј 3:1). Дали сме го виделе во нашево време тој комбиниран знак? Да, и тоа во обемна мера!
Светски војни
Исус претскажал дека „ќе се крене народ против народ и царство против царство“ (
Матеј 24:7). Во 1914 год. светот беше вовлечен во војна во која беа мобилизирани народи и царства како во ниедна друга војна дотогаш. Како потврда на тој факт, историчарите тогаш ја нарекоа Големата војна. Тоа беше прва војна од таков вид во историјата, прва светска војна. Околу 20.000.000 војници и цивили го загубија животот, далеку повеќе отколку во која и да е војна пред тоа.
Првата светска војна го означи почетокот на последните денови. Исус рекол дека овој настан, како и други, ќе биде „почеток на болните неволји“ (
Матеј 24:8). Тој имал право, бидејќи Втората светска војна беше уште посмртоносна. Во неа загинаа околу 50.000.000 војници и цивили. Во 20 век преку 100.000.000 луѓе беа убиени во војни, скоро четири пати повеќе отколку во претходните 400 години заедно! Тоа е една голема причина за осуда на човечкото владеење!
Други докази
Исус спомнал и други обележја на последните денови: „Ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад“ (
Лука 21:11). Овие зборови добро одговараат на настаните од 1914 год. наваму бидејќи, поради таквите несреќи, мошне се зголемени неволјите.
Честа појава се големите земјотреси кои одземаат безброј животи. Шпанскиот грип уби околу 20.000.000 луѓе по Првата светска војна, а според некои проценки, имало 30.000.000 жртви или уште повеќе. Сидата досега има одземено стотици илјади животи, а во блиска иднина би можела да однесе уште неколку милиони. Секоја година милиони луѓе умираат од срцеви заболувања, рак и други болести. Милиони други бавно умираат од глад. Без сомнение, ‚јавачите на Апокалипсата‘ со нивните војни, глад и епидемични болести, од 1914 год. покосија огромен дел од човечкото семејство (
Откровение 6:3-8).
Исус, исто така, го прорекол порастот на криминалот што се случува во многу земји. Тој рекол: „Беззаконието ќе се зголеми, па кај мнозина љубовта ќе олади“ (
Матеј 24:12)
Понатаму, во Библијата е проречен падот на моралот, кој денес е сосема очигледен низ целиот свет. Во
2. Тимотеј 3:1-13 стои: „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо... Злите луѓе и измамниците ќе напредуваат од лошо на полошо“. Сето ова се исполнува пред наши очи.
Уште еден фактор
Постои уште еден фактор кој придонесува за огромниот пораст на страдањето во ова столетие. Во исто време кога почнаа последните денови во 1914 год., се случило нешто што го вовлекло човештвото во уште поголема опасност. Во тоа време, како што известува едно пророштво од последната книга на Библијата: „Избувна војна на небото: Михаел [Христос во небесна моќ] и неговите ангели се бореа против змејот [Сатана]. И змејот се бореше заедно со своите ангели [демони], но не надвладеа. И за нив повеќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана, кој го заведува целиот свет. Беше исфрлен на земјата, а со него беа исфрлени и неговите ангели“ (
Откровение 12:7-9).
Какви последици имаше тоа за човештвото? Пророштвото продолжува: „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ Да, Сатана знае дека на неговиот поредок му истекува времето, па затоа презема сѐ што може за да ги сврти луѓето против Бог, пред да биде отстранет заедно со својот свет (
Откровение 12:12; 20:1-3). Колку расипани станале овие духовни суштества поради тоа што ја злоупотребиле својата слободна волја! Колку страшни се условите на Земјата под нивното влијание, особено од 1914 год. наваму!
Затоа не е чудо што Исус за нашево време прорекол: „Народите на земјата ќе ги обземе мака и чувство на немоќ... Луѓето ќе губат свест од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот “ (
Лука 21:25, 26).
Близу е крајот на човечкото и на демонското владеење
Уште колку библиски пророштва треба да се исполнат пред Бог да го уништи овој сегашен поредок? Многу малку! Едно од последните се наоѓа во
1. Солуњаните 5:3, и гласи: „Кога ќе зборуваат: ‚Мир и сигурност!‘ — тогаш ненадејно ќе ги снајде уништување“. Ова покажува дека крајот на овој поредок ќе започне
уште додека зборуваат. Уништувањето ќе настапи кога луѓето најмалку ќе очекуваат, кога сето свое внимание ќе го насочат кон надежта за мир и сигурност.
Пророштвото продолжува: „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ Да, Сатана знае дека на неговиот поредок му истекува времето, па затоа презема сѐ што може за да ги сврти луѓето против Бог, пред да биде отстранет заедно со својот свет (
Откровение 12:12; 20:1-3). Колку расипани станале овие духовни суштества поради тоа што ја злоупотребиле својата слободна волја! Колку страшни се условите на Земјата под нивното влијание, особено од 1914 год. наваму!
Затоа не е чудо што Исус за нашево време прорекол: „Народите на земјата ќе ги обземе мака и чувство на немоќ... Луѓето ќе губат свест од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот “ (
Лука 21:25, 26).
Кој ќе преживее, а кој не?
Кога ќе се изврши Божјата осуда против овој свет? Кој ќе преживее, а кој не? Библијата покажува дека оние што се за Божјата влада ќе бидат заштитени и ќе преживеат, а оние што се против неа нема да бидат заштитени, туку ќе бидат уништени заедно со Сатановиот свет.
Во
Изреки 2:21, 22 стои: „Праведниците [оние што се подложуваат на Божјата влада] ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите [оние што не се подложуваат на Божјата влада] ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“.
Во
Псалм 37:10, 11 исто така стои: „Уште малку, и злиот ќе го снема... А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“. Стих 29 додава: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“.
Треба да го земеме присрце советот од
Псалм 37:34, кој гласи: „Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат. Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата. Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа“. Во стиховите 37 и 38 стои: „Гледај го непорочниот и набљудувај го праведниот, зашто иднината на тој човек ќе биде мирна. А сите престапници ќе бидат истребени, ќе пропадне иднината за злите“.
Времето истекува за овој свет кој е под влијание на Сатана. Наскоро го чека крајот во една неволја за која Исус рекол: „Тогаш ќе има голема неволја каква што немало од почетокот на светот до сега, ниту повеќе ќе има“ (
Матеј 24:21).
Завршница на ‚големата неволја‘ ќе биде Божјата војна Армагедон. За тоа време зборувал пророкот Даниел. Тоа е времето кога Бог „ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства“. Тоа ќе значи крај за сите сегашни човечки владетелства кои се независни од Бог. Неговата влада од небото тогаш ќе ја преземе целосната контрола над сите човечки случувања. Како што прорекол Даниел, никогаш повторно, владејачката моќ нема да ја добие „некој друг народ“ (
Даниел 2:44; Откровение 16:14-16).
Тогаш ќе го снема и сето сатанско и демонско влијание. Овие бунтовни духовни суштества ќе бидат отстранети ‚за да не ги заведуваат повеќе народите‘ (
Откровение 12:9; 20:1-3). Тие се осудени на смрт и ги очекува уништување. На човештвото многу ќе му олесни кога ќе биде ослободено од нивното расипано влијание!