Во 2. Тимотеј 3:1-5 читаме: "Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња“. Меѓу другото, Павле рекол дека луѓето ќе бидат:
- себични
- алчни за пари
- непослушни на родителите
- нелојални
- бесчувствителни кон другите
- без самосовладување
- сурови
- повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог
- на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо.
ШТО УЧИ БИБЛИЈАТА- Последните денови се обележани со војни, глад, земјотреси и смртоносни зарази (Матеј 24:7; Лука 21:11)
- Во последните денови, многу луѓе се сакаат само себеси, парите и уживањата, а не го сакаат Бог (2. Тимотеј 3:1-5)
- Во овие последни денови, добрата вест за Царството се проповеда по целиот свет (Матеј 24:14)
Ќе има војни, глад, земјотреси и епидемии од смртоносни болести (Матеј 24:7; Лука 21:11).
▪ Значително ќе се зголеми стапката на криминал (Матеј 24:12).
▪ Луѓето ќе ја уништуваат Земјата (Откровение 11:18).
▪ Луѓето ќе бидат себељубиви и ќе ги сакаат парите и задоволствата, а нема да го сакаат Бог (2. Тимотеј 3:2, 4).
▪ Семејствата ќе се распаѓаат (2. Тимотеј 3:2, 3).
▪ Општо земено, луѓето нема да им обрнуваат внимание на доказите дека крајот е близу (Матеј 24:37-39).
▪ Низ целиот свет ќе се проповеда добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14).
Нема сомнение дека крајот на сатанскиот поредок е многу близу. Од 1914 год. наваму, овој свет живее во последнитеденови, односно се приближува кон „свршетокот на овој поредок“ (Мат. 24:3). Сега сме на прагот на ‚големата неволја‘ за која зборувал Исус. Матеј 24:21.) Оваа досега невидена неволја ќе му стави крај на целокупниот Сатанов свет. Што мислите вие за ваквите изјави што Библијата ги прорекла, дали Навистина Живееме во вакво време???