Во многу ретки случаи ми е важно туѓото мислење. Во главно, не ми е.
Но, го почитувам. Особено ако тоа мислење е лично на личноста која го кажува, односно не е оформено под влијание на други.
Тоа многу го ценам. И ценам личности кои знаат сами да оформат свои мислења.
А дали ме повредува негативното мислење?
Па не. Но не сум рамнодушна. За некој да мисли или да каже за мене нешто негативно, сигурно постои добра причина.
Во таквите случаи пробувам да ја најдам причината во себе. Односно се преиспитувам.
Се трудам да го променам она што околината ја натерало да мисли нешто лошо за мене.
Но, да се разбереме: во оваа група на негативни мислења за мојата личност не ги ставам оние љубоморни озборувачки муабети.
На нив не посветувам внимание.
Ама, пак ќе речам: не ме повредува затоа што знам да прифатам критика независно дали е позитивна или негативна. Знам да се носам со фактот дека не можам секому да се допаднам, дека не може секој да мисли се најубаво за мене и дека и јас имам маани. А тие пречат, секому. Ама не секој тоа го кажува гласно.
А тие што тоа го кажуваат гласно и јасно, в лице, а не зад грб, јас ги ценам.
Затоа и го ценам и нивното мислење исто како и мислењето на оние кои имаат позитивно мислење за мене.