Дали ви значи туѓото мислење?

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
НЕЕ, многу мразам кога некој сака да ми ја наполни главата со неговите мислења на одредена тема... јас почитувам и ислушувам, но скоро никогаш не ги прифаќам, едноставно сакам да си живеам така како што јас сакам и да го правам тоа што јас го сакам... дури ни моите дома не ги слушам, што ми е една од најголемите грешки... и после тоа си ја чукам главата, но ако, се научувам барем ако не друго, малце касно но нема везе :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
1.Важно ми е.
2. Почитувам само доколку е исто како и моето.
На третото не мислам да одговарам.Тоа е се :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Важни ми се мислењата на мојте најблиски, почитувам ги сите мислења, сакам да ги ислушам (ЕДИНСТВЕНО: ако не ја затупат :D )
За повредување, може да ме повреде нечие мислење ако е од близок, мајка, татко, брат, другарки/и, роднини.. АМА од други небитни, не... од едноставна причина: не ми е гајле. Не ми е гајле кој шо како ќе рече, од секогаш ми е било така, не ми е гајле дали некој ќе ме прифане или не, дали ќе мисле нешто за мене било негативно или позитивно.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дали ви е важно туѓото мислење?
Важно ми е само мислењето на најблиските околу мене.
Дали го почитувате туѓото мислење?
Нормално дека го почитувам како што сакам и моето да го почитуваат.
Дали ве повредува нечие туѓо негативно мислење за вас или го сфаќате како совет за она што треба да го промените кај себе?
За совет го сфаќам само и ако е од најблиските. Меѓутоа ако е од некој друг, не ми значи ама баш ништо,и затоа не ме повредува. Понекогаш мислењата треба да си ги задржиме за себе си. Зошто не можеш на некому да кажеш се и да очекуваш дека ќе реагира позитивно ко во смисла "ама јас ти кажувам за твое добро".
Знаете постарите убаво викале прво почни од сам себе,па потоа зборувај за другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,121
1,683
Дали ви е важно туѓото мислење?
Не ми е важно мислењето на другите. Колку луѓе, толку различни мислења.
Дали го почитувате туѓото мислење?
Го почитувам но не го земам здраво за готово.
Дали ве повредува нечие туѓо негативно мислење за вас или го сфаќате како совет за она што треба да го промените кај себе?
Тоа што ме повредува ме прави посилен
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Lady*

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Немам проблем да чујам нечије мислење.
Ама сепак ќе се послушам себе, без оглед дали и колку е тоа прифатено од другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Во многу ретки случаи ми е важно туѓото мислење. Во главно, не ми е.
Но, го почитувам. Особено ако тоа мислење е лично на личноста која го кажува, односно не е оформено под влијание на други.
Тоа многу го ценам. И ценам личности кои знаат сами да оформат свои мислења.
А дали ме повредува негативното мислење?
Па не. Но не сум рамнодушна. За некој да мисли или да каже за мене нешто негативно, сигурно постои добра причина.
Во таквите случаи пробувам да ја најдам причината во себе. Односно се преиспитувам.
Се трудам да го променам она што околината ја натерало да мисли нешто лошо за мене.
Но, да се разбереме: во оваа група на негативни мислења за мојата личност не ги ставам оние љубоморни озборувачки муабети.
На нив не посветувам внимание.
Ама, пак ќе речам: не ме повредува затоа што знам да прифатам критика независно дали е позитивна или негативна. Знам да се носам со фактот дека не можам секому да се допаднам, дека не може секој да мисли се најубаво за мене и дека и јас имам маани. А тие пречат, секому. Ама не секој тоа го кажува гласно.
А тие што тоа го кажуваат гласно и јасно, в лице, а не зад грб, јас ги ценам.
Затоа и го ценам и нивното мислење исто како и мислењето на оние кои имаат позитивно мислење за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten