Да не се повторувам, се согласувам со повеќе мислења. Менување во врската има константно, направи си ретроспектива од кога сте почнале да одите, ќе видиш и ти и тој сигурно сте некако променети. Впроочем, сите ние се менуваме, созреваме, растеме. Сигурно нема да сум на истиот мозок со кој сум била на 15 години. Смешно и детски е да кажеш дека не сакаш да се менуваш, кога секој ден животот не калеми на свој начин.
Ова со забранава за дружење со спротивниот пол, најчесто не е крајна дестинација, нажалост многу често е почеток. Секако не е правило, ама од искуство на другарки знам. Прво почнува со забрана за дружење со машки, потоа барање да избише се живо и диво од машка страна на фејсбук, знам случаи каде проверуваше типот секој ден лајк да не има добиено од некое машко и на глава и се качуваше.
Страшна работа е љубомората, па ако е и во комбинација со посесивност...
Како и да е, разговор е секогаш прва помош, прашај, види да не слушнал некаде некој трач кој врска нема па му влегол црв во мозокот. Не знам колку време одите, ама ако сте долго заедно потсети го дека никогаш немал за што да стравува. Најчесто се се` решава со разговор, може има нешто што му тежи. Ако тоа не помага тогаш ти треба да си одлучиш дали сакаш таков човек покрај тебе и дали можеш таква жртва да направиш за опстанок на врска.