Дали би се промениле за маж?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Едно е минорни промени со цел зачувување или зацврстување на врска, друго нешто е губење на идентитетот за да се задоволи партнерот.

Барање да се откажеш од секаков контакт од спротивен пол не спаѓа во никаква промена, барем јас не гледам никаква промена таму. Чист акт на претерана љубомора, неможност за доверба, желба за доминирање и лечење комплекс.
 

sinolicka_366

Нов член
17 август 2015
4
2
3
34
Извичничињава ме плашат малку. (wasntme)
Арно сме се разбрале, тоа е и целиот проблем во многу врски - глумиш, глумиш, ги претвораш маните во доблести, и кога еден ден ќе се опуштиш и покажеш пред партнерот колку си несовршен, истиот не знае како да реагира и обично тука настанува она држ - не дај околу промените.

Да видиме дали авторката ќе ни пише во кој тип спаѓа нејзиниот момак...
Тип кој сака да се покажува. Најгласен е меѓу пријателите... Преферира да покаже дека е во право иако често умеам да го предомислам... Во секој случај малку трагично ми е да се откажам од некои мои пријатели на сметка на неговите несигурност.
Се надевам дека ова не звучи себично...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ама и ти по малку си се изгубила. Како може да е себично да не сакаш да се откажеш од пријателите за сметка на нечиј комплекс? Себично е да побараш од некого ти да му бидеш единствено средство за комуникација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Luckky

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Тип кој сака да се покажува. Најгласен е меѓу пријателите... Преферира да покаже дека е во право иако често умеам да го предомислам... Во секој случај малку трагично ми е да се откажам од некои мои пријатели на сметка на неговите несигурност.
Се надевам дека ова не звучи себично...
Овде треба да речам „Е, тва е, ќерко, праф маш!“
Уште да кажеш дека носи и ланец, го негува ноктот на најмалиот прст и има некаде тетоважа со змеј...толку.
Не е воопшто себично. Може од моја страна ќе е некултурно, али си имаш работа со типичен примерок што страда од комплекс на мал ташак...да не речам сељак, as in карактер, не селанец.
 

sinolicka_366

Нов член
17 август 2015
4
2
3
34
Овде треба да речам „Е, тва е, ќерко, праф маш!“
Уште да кажеш дека носи и ланец, го негува ноктот на најмалиот прст и има некаде тетоважа со змеј...толку.
Не е воопшто себично. Може од моја страна ќе е некултурно, али си имаш работа со типичен примерок што страда од комплекс на мал ташак...да не речам сељак, as in карактер, не селанец.
Балканец би рекле?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Балканец би рекле?
Па...сељачизмот не знае за граници, али секое поднебје си има посебности.
И странскиот сељо е гласен, секогаш во право, пцуе, црвенее во фацата, али тој најверојатно ја немал честа да се восхитува на машкоста на Голубович и да ги поприма сите негови карактеристики, ама затоа го имаат Кењо Запад, рецимо, што е нивна форма на душбег со свои карактеристики и армија поклонувачи.
Твојов не го знам доволно да би проценила од кои повеќе поприма. :zelen
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Па...сељачизмот не знае за граници, али секое поднебје си има посебности.
И странскиот сељо е гласен, секогаш во право, пцуе, црвенее во фацата, али тој најверојатно ја немал честа да се восхитува на машкоста на Голубович и да ги поприма сите негови карактеристики, ама затоа го имаат Кењо Запад, рецимо, што е нивна форма на душбег со свои карактеристики и армија поклонувачи.
Твојов не го знам доволно да би проценила од кои повеќе поприма. :zelen

mnbkj.jpg

Тоа е тој амерички праф маш, живее во приколка, пред врата му виси знаме на конфедерацијата а фризот е или џигерица или некоја варијација на истата:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Electra

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Да не се повторувам, се согласувам со повеќе мислења. Менување во врската има константно, направи си ретроспектива од кога сте почнале да одите, ќе видиш и ти и тој сигурно сте некако променети. Впроочем, сите ние се менуваме, созреваме, растеме. Сигурно нема да сум на истиот мозок со кој сум била на 15 години. Смешно и детски е да кажеш дека не сакаш да се менуваш, кога секој ден животот не калеми на свој начин.
Ова со забранава за дружење со спротивниот пол, најчесто не е крајна дестинација, нажалост многу често е почеток. Секако не е правило, ама од искуство на другарки знам. Прво почнува со забрана за дружење со машки, потоа барање да избише се живо и диво од машка страна на фејсбук, знам случаи каде проверуваше типот секој ден лајк да не има добиено од некое машко и на глава и се качуваше.
Страшна работа е љубомората, па ако е и во комбинација со посесивност...
Како и да е, разговор е секогаш прва помош, прашај, види да не слушнал некаде некој трач кој врска нема па му влегол црв во мозокот. Не знам колку време одите, ама ако сте долго заедно потсети го дека никогаш немал за што да стравува. Најчесто се се` решава со разговор, може има нешто што му тежи. Ако тоа не помага тогаш ти треба да си одлучиш дали сакаш таков човек покрај тебе и дали можеш таква жртва да направиш за опстанок на врска.
 

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
ако ме промени неговата љубов, ако ме победи негвата љубов ДА, инаку јас не би сакала да се променам
 

sinolicka_366

Нов член
17 август 2015
4
2
3
34
Пред неколку недели врската заврши :) по неколку испади кои беа јаготка на шлагот - екстра силни причини да престанам да се малтретирам себеси