Дали Бог е незаинтересиран и бесчувствителен?

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Јас што зборувам, ти со твојот разум пак по твое .. (wave)
Темата оди во насока човекот да пресуди за нешто како "бог" дали е бесчуствителен и слично...

Се сврте кон "духовното" да не просветлуваш преку библијата...
Ако, браво :kafe

Ништо не ни спомнав од ова што ти си правиш муабет во таа твоја глава

Лудости
.
Ајде бе, стварно?


И како се повика ти дека треба да толкуваш свети книги кои се дадени за внатрешниот свет на една индивидуа, да ги толкуваш тие "безвременски демек симболи" и да ги преставуваш како апсолутни симболи кои имаат исто значение за секој?
Се докажуваш со луѓето во однос на божественото и неговите форми?
За ова зборувам цело време... Што глумите свети отци и толкувате библии и правите поголемо мочуриште од обашто го има денес од стариот еон. Н

Но ти не можеш а да не делиш секташки христијански размисли и да се мислиш за просветлен...
Нека ти биде.
Забораваш веќе што си кажал...Хепта почна да се губиш,добар си?
Ајде оди одмори малку Хепта, вака само ќе се бламираш.:zelen
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ајде бе, стварно?
Навистина. А не ти да се повикуваш постојано на христијански текстови при спомнување на боговите...
Со тие текстови мирјанин само верува во божественото и се надева.. Стар еон, не може со христијанска догма напредување.
Колку и да додавате нови секташки размисли...

Штом ти ми велиш ова за Хептаграм XI, мора да е спротивното
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Навистина. А не ти да се повикуваш постојано на христијански текстови при спомнување на боговите...
Со тие текстови мирјанин само верува во божественото и се надева.. Стар еон, не може со христијанска догма напредување.
Колку и да додавате нови секташки размисли...

Штом ти ми велиш ова за Хептаграм XI, мора да е спротивното
Каков еон, бе Хепта? Што бладаш со времињата!
Јас ти велам?Мора да е спротивно?Хепта, седни , напи се вода малку.
Толку ,се изгуби после 3-4 дена.:(
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Каков еон, бе Хепта? Што бладаш со времињата!
Јас ти велам?Мора да е спротивно?Хепта, седни , напи се вода малку.
Толку ,се изгуби после 3-4 дена.:(
Тоа што не знаеш, не мора мене да ми префрлаш. Но да, ти не ја учиш историјата запишана по книги...
Ако не ти чини промената на еоните и човештвото, на друго место треба да се жалиш за тоа.. Јас не можам да ти помогнам. Премногу библија не е добро за тебе.

Полесно е да бладаш со цитирање на староеонски свети книги кои немаат практична важност денес и во твоето непознавање на промената на човештвото да глумиш просветлен меѓу децата. И со цитирање на овие стари закони запишани во тие книги сакате да ја објасните бесчувствителноста на божественото па и самото постоење.
Браво.

P.S. Ете, НОВ ЕОН. Како што претходниот дојде со големиот иницијант кој што му накалемивте име Исус, овој дојде со друг - со тајно име за да не биде обожуван како Бог од неиницираните! :)
Бидејќи пророците се едно, боговите друго, дрдорковци се само искомплексирани луѓе кои сакаат да знаат но не знаат да дадат завет да молчат по својот пат и затоа им е дадено да бладаат сешто....
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Тоа што не знаеш, не мора мене да ми префрлаш. Но да, ти не ја учиш историјата запишана по книги...
Ако не ти чини промената на еоните и човештвото, на друго место треба да се жалиш за тоа.. Јас не можам да ти помогнам. Премногу библија не е добро за тебе.

Хепта бе, перење мозок е сето тоа.Погледни како ви е воведот.
Цитирам..
Како што сите би требало да знаете, влеговме во Нов Еон. На светот му е дадена Повисока Вистина. Таа вистина спремно ги очекува сите што сакаат свесно да ја прифатат, но таа мора да се согледа пред да се сфати; а тие што го прифатиле овој закон и се трудат да живеат според него од ден во ден се повеќе ја согледуваат неговата Убавина и Совршенство.....завршен цитат!

Прва реченица...Како сите што би требало да знаете влеговоме во новиот еон? Чиста манипулација на вашата секта.Никој не ви брани да верувате дека вие сте влегле некаде, а тоа сите што треба да знаат е добивање тежина на бројност..СИТЕ ајде бе!
Втора реченица..На светот му е дадена Повиоска Вистина...Што зборите бре ,,каква вистина?Наркоманот дал некоја вистина,па малку му било да се нарече само вистина ,па уште и повисока била.Но, третата реченица е врв на секташко перење мозок.

Таа вистина спремно ги очекува сите што сакаат свесно да ја прифатат, но таа мора да се согледа пред да се сфати; а тие што го прифатиле овој закон и се трудат да живеат според него од ден во ден се повеќе ја согледуваат неговата Убавина и Совршенство.
Како во центрифуга перење мозок, повисоката вистина ги очекува сите што сакаат свесно да ја прифатат..Повисоката вистина спремно ги очекува????:patos
Абе Хептаграм сте можеле некој маркетинг агент да најмите подобро да ви ја изрекламира вистината..повисоката вистина.
Да продолжиме !Но,повисоката вистина мора првин да се согледа пред да се прифати,....абе нели спремно ги очекува,кој кого треба да прифати,повисоката вистина која ги очекува или тие што ќе согледаат пред ја прифатат..кутрата повисока вистина....море Хепта вистината никогаш никого не условува, ако таа е вистина пред неа и боговите ќе молчат, само лагата може да условува со некоја награда.Таа е на крајот од текстот .. розево обоен,саде убавини и совршенства.:rofl
Ти го пишуваше ова?

Понатака се вели во текстот.

Тоа ново учење во почетокот е необично; Умот е неспособен да разбере повеќе од фрагменти на неговото вистинско значење. Дури и кога живееме според тој Закон, фрагментот може да се прошири во бескрајна концепција на целината.
Значи таа повисока вистина било ново учење кое на почеток е необично,се разбира дека ќе биде необично кога перете мозок на центрифуга,така сте поблиску до вашиот пророк .Да заклучиме,и покрај тоа што некои ќе ја прифатат или согледаат пред да ја прифатат нема ништо да разберат , дури и да живеат по тој закон џабе им е , слепци ќе бидат!:facepalm2

Ве лажат Хепта не е тој!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Кои глупости на база на омраза и апсолутно незнаење... :)
Дали јас сум го напишал текстов? Ти навистина си неук за овие ствари...
Просветленост и пророк - само ако се работи за стариот еон и библијата за која може секоја будала да блада сешто и ништо.

Текстот дава запознавање и пракса. Ова твоето „значи ова, значи она“ едноставно вреди само за тебе. За никој друг.

Види на крајот што убаво пишува:

„Сега, ако сакате да се вратите назад во Стариот Еон, направете го тоа. Но имајте на ум дека оние околу вас всушност се Сонца и Ѕвезди, а не мали робови што треперат. И ако не сте сами спремни да бидете Крал, треба да знаете дека тие имаат право да Кралуваат, исто како и вие, кога и да сакате да го прифатите тоа. А во моментот кога тоа ќе го посакате, треба само да се сетите на ова – гледајте на работите од гледна точка на Сонцето.“

Јас не знам што се заморуваш толку да докажеш било кому дали новиот еон е за некој или не...
Ти не се ни обидуваш да ги согледаш стварите од гледна точка на Сонцето, но побрза да ми кажеш работи за она што ти е апсолутно непознато како се реално за мене и за сите други? :) Бидејќи ти така сакаш да изгледаат стварите за да се чуствуваш ок?

Сонце истрауматизирано.
Што трауми имаш нанесени во пределот на авторитетот па се губиш вака да зборуваш за работи кои ти се непознати? Ми го објаснуваше мене текстот, за кој што мислиш дека јас сум го напишал? :)
Или пак за другите? Мислам дека секој има разум сам да го разбере... повеќе гледам омраза и обид да ме навредиш со твоите бладања... ама што, кај јас можам со вака просветлен човек и пророк на богот од библијата? :)

Ако не сакаш да си Крал во новиот еон, ако не сакаш да прифатиш дека по делата а не по толкувањата на светите книги на други луѓе се познава човека и ако сакаш да си роб во стариот еон и да трепериш под ударот на догмите - повели. Јас не ти велам да не бидеш она што си. Не може да бидеш ништо друго. Тоа е тоа.
Јас само велам дека не треба да ги замараш другите со твоите пранги. Уживај во нив ако за тебе е тоа слобода и божествена промисла.

Ако некој друг прифатил христијанство, нека му биде. Но тој нема да те слуша тебе и твоите секташки бладања. Бидејќи христијанството си има правила. Ако некој избрал да биде Телемит - што му можеш? Ќе креваш врева дека некој следи „наркоман“, епитет кој му го даваш на Кроули? :)
Кроули е мртов. Небитен е човекот. Постојано ќе ве учам дека Кроули е небитен (освен ако не ви се допаѓа литературата и дневниците кои ги пишувал :) ).
Стариот еон упропасти се заради наследниците кои Исус го направија божество и му ги искасапија размислите и сега такви ко тебе дрдорат уште повеќе во својата заблуда...

Законот на Телема не доаѓа од човек кој што ти го знаеш како Кроули. Не доаѓа ниту од Редот О.Т.О. во кој што припаѓам, за кој ти глаголаш дека е „секта“ (бидејќи не си запознаен со поимот Ред и што носи тоа со себе) бидејќи така си научен од стариот еон и неговите учења дека кога не можеш да се сложиш со учења кои не ги разбираш ги нарекуваш „секта“ и тие по default се нешто лошо.

Многу малку знаеш бидејќи си неписмен за овие ствари и тоа само заради омраза и мрза. Многу слични зборови и по букви и по значение во однос на духот на човека!

Не е ова стариот еон па ти да ми бладаш со „смртта“, „животот“, „богот“ за овој е она за оној е тоа, на „детето“ му требаат богови... ама кога ќе надмине, ќе стане бог и свесен за другите богови... еј чекај ќе надмине и и и ... ете го новиот еон :)

Со тоа што постојано ќе се трудиш твоите разбирања на одредени симболи (според твотео искуство) да ги величиш налудничаво како апсолути симболи кои ќе важат за секој, не одиш никаде. Посебно со постојано повикување на библијата која си ја разбираш како тебе ќе ти текне.
Ниту се заморуваш од каде дошле тие размисли, од кои можни учења од минатото да се комбинирани со други учења...
Слепо како верник се повикуваш на библијата и прифаќаш дека таа содржи во оваа форма што ја имаме денес тајни и симболи кои ќе те просветлат тебе, без да се заморуваш со изворот и историјата на тие размисли!
Седни море барем запознај се со евреите, не мора кој знае што - знам, немаш време, обврски и слично... ама се има до толку и простор и време!

Ако имаш проблеми со црковен авторитет, духовен или било каков - тоа е проблем на твојата личност, на никој друг.
Научи магика, ќе ти биде подобро за разбирање на светот, а и себе си.

Ти не може да зборуваш за Богот дали незаинтересиран и бесчувствителен!
Не може да се повикуваш на библијата (посебно новиот завет, а да се заборава на евреите) и да зборуваш за богот каков е за другите... и „што доаѓа од тој бог“ или христијански концепт на бог.
Каде ми се губиш во муабетот? И да си христијанин, уште помалку имаш право да го правиш тоа.
И тука ми се губиш....

Престани да глумиш просветлен. Не знаеш основни ствари, не пак да толкуваш за други свети книги.
 
Последна промена:

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Ти не може да зборуваш за Богот дали незаинтересиран и бесчувствителен!

Не Хепта , повеќе нема да зборувам...ќе си молчам.
Не може да се повикуваш на библијата (посебно новиот завет, а да се заборава на евреите) и да зборуваш за богот каков е за другите... и „што доаѓа од тој бог“ или христијански концепт на бог.
Разбирам шефе.

Нешто друго, кафе, сокче да не сакате.:pusi
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,870
935
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не Хепта , повеќе нема да зборувам...ќе си молчам.

Разбирам шефе.

Нешто друго, кафе, сокче да не сакате.:pusi
Море ако сакаш изгуби се во зборовите, дојди толкувај ми ја библијата, дојди толкувај им ја намладите библијата како ти ја разбираш, како смртта дадена таму симболизира токму тоа што ти си разбрал, исто и за животот даден таму... зборувај штом толку ти е дојдено да толкуваш света книга од стариот еон...
Во новиот еон секоја будала што ќе толкува света книга за другиот „како да ја разбере правилно“, треба да се смета како извор на чума!
Ти, како сакаш. Може и не можеш поинаку.
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
315
126
1,053
89
Море ако сакаш изгуби се во зборовите, дојди толкувај ми ја библијата, дојди толкувај им ја намладите библијата како ти ја разбираш, како смртта дадена таму симболизира токму тоа што ти си разбрал, исто и за животот даден таму... зборувај штом толку ти е дојдено да толкуваш света книга од стариот еон...
Во новиот еон секоја будала што ќе толкува света книга за другиот „како да ја разбере правилно“, треба да се смета како извор на чума!
Ти, како сакаш. Може и не можеш поинаку.
Фала шефе!:gus