Хепта , пак не прочиташ пред да го постираш текстот!Што имаш пак ти против дрогите? Сакаш забрана за дрогите за да цвета црниот пазар?
Каде бре така? Е навистина не го разбираш божествениот план!
Да не требало да има опојни дроги, богот немало да дозволи да ги има, нели?
И ти ќе расправаш за божествените планови, а не знаеш за едно човечко уредување да размислиш што е полезно што не...
Тешко нас со такви мудреци кои библијата ја сфаќаат сериозно и веруваат дека од богот доаѓа власта!
Многупати го повторувам „пророк“ зборот за да знаете дека не сте вие пророци и дека не може да толкувате свети книги. Посебно свети книги не може да толкуваат луѓе кои се повикуваат на христијанската света книга позната како Библија.
Знаеш зошто? Бидејќи во христијанството има учење кое вели дека „Црквата“ и нејзините правилно назначени наследници (што и да им значи тоа), вдахновени од „Светиот Дух“ може правилно да го толкуваат „божјиот збор“.
Ти, што дотрча да напишеш? Дека некаде е запишано како од богот доаѓа власта, а не можеше да објасниш дали и сегашните држави и уредувања во светот доаѓаат од христијанскиот бог или од некој друг бог или нешто трето ...
Не знам зошто се заморуваш кој сум јас на форумов... подобро Телемит и да се водиш по Законот на Телема, отколку да се повикуваш на цитати од Библијата и да глумиш просветлен!
Гледаш како не треба да се повикуваш на христијанска догма кога се работи за божествени ствари и што е праведно а што не?
Никој не треба. Бидејќи ќе се погоди човек што не прифаќа здраво за готово и ќе бара некој објаснување...
А ти, веќе 2 дена глаголаш глупости за @Хептаграм XI каков бил и што следел
Секој може да следи што сака, но треба да знае што глагола... ти фали тоа тебе: да знаеш.
Ти реков, еден ден ќе те чита детето што го имаш, ќе се срамува од тебе - ако претходно не им ги исперете умовите на децата да немаат критички став кон библии и свети книги! Бидејќи нели, света книга, не смее да се критикува!
Ха!
За жал, за тоа сте најмногу способни, многу поспособни, отколку да толкувате свети книги за другите - што упорно се преставуваш како познавач и никако да разбереш дека немаш капацитет за тоа!
Престанете да ни ги објаснувате Библијата и Коранот - знаеме сите да размислуваме сами и преку наши искуства да прифаќаме или да отфрламе ствари!
Не го знаете божествениот план (ако има таков), не знаеш ниту утре кој може да умре до тебе не пак да бараш оправдувања или да судиш какво е божеството на кое се поклонуваш.
Човек си, гледај си го човечкото, таму имаш најмногу за пеглање, по ова што го читам од тебе.
Во однос на опојните дроги постои божествен план ,а за с'е друго пата-пата ,ако има,може и да нема ,ама сепак никој друг не го знае,Хепта премудриот мудро ќе молчи за божјиот план .Премногу забега во муабетиве,сепак ќе продолжиме,живо ме занима имаш ли крај на твоите секташки глупости.
Се приметува во твоите зборови дека имаш одбивност-омраза спрема христијанството.Сосема спротивно од она кое постојано го провлекуваш во текстот...човештво пред се.Ако некој глуми тоа си ти, полн со омраза и презир кон христијанството.
Типично секташки муабет , фашистилки настроен кон се што не е телема.Олади бре.
Мојот предлог беше да не труеш по други теми , си имаш една клекни таму и шкртај колку сакаш.
Јас еднаш дадов предлог поодамна, да се запалат сите книги кој зборат за било каков бог или нудат одредена филозофија на просветлување.И ако можеш ,а знам дека можеш тргни од себе и кажи што би правел ти да нема книги..онака реторичко прашање?
Книги умот ви го земаа.Погледни една палета од книги од некој наркоман ви станаа предмет на обожавање , закони по кој се однесувате и истите ги нудите, ги славите календарски со одредена дата, ги величите зборовите...и не сте имале испран мозок,море и на центрифуга ви го пуштиле и незнаете што бладате, доброто и лошто тие(книгите) ви го сервираат,сами не сте способни без тие "патерици" ни еден метар да поминете.
Никој , уште помалку ти кој го истражуваш духовното , никогаш ,ама никогаш не треба да се ставаш над било кој,давајќи мислења дали некој има или нема капацитет,духовното не е во полното ,туку во празното,затоа е и неосознаено и неизговорливо.
Тоа ти беше лапсус!
Незнам каде виде дека се поклонувам на било кое божество, почна и да измислуваш работи во недостаток на информации .Ако си ме следел како пика пика, алф ,умпуранче (мислам дека се толку) требаше до сега да знаеш дека најголем противник сум на било што да се поклонува човек.Сме дебатирале и за друштва и организации и тогаш потенцирав ,секоја именувана група е како флаширана вода , со етикета , дата на призвоство и декларација ,далеку од природното , без име и не обликувана според садот во кој се наоѓа.
Затоа и ти реков , не можеш да дадеш тоа што го немаш.