Грција

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Кој и да ги споил темите за Неа Врасна и Лефкада не направил убаво. Требеше да ги оставите, за во случај на некој член или гостин да му треба да си ги побара, а не кога ќе се направат 500 мислења во темава Грција да не може човек да се снајде!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Кој и да ги споил темите за Неа Врасна и Лефкада не направил убаво. Требеше да ги оставите, за во случај на некој член или гостин да му треба да си ги побара, а не кога ќе се направат 500 мислења во темава Грција да не може човек да се снајде!
еее ајде де на кој ќе му кажиш...јас го напрајв за Лефкада
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Го нарекуваат „Зелениот дијамант“ заради својата раскошна убавина и зеленило или уште во митологијата е познат како „Островот на сирените“.


Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот Архипелаг кои велат дека плени со својата убавина уште на прв поглед. Ако сакате убави плажи, прошетки, грчка храна и вино, романтика, забава - ова е вистинското место за вас.

Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив.

За нас е голема предност што ова е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје). Траект може да фатите од Кавала или Керамоти и ќе ве чини од прилика 30 евра за двајца во еден правец.

Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот. Ќе ве воодушеват боровите шуми, чистиот воздух и кристално чистото море.

Кои се плажите што задолжително мора да ги посетите:

1. Плажата Golden Beach. Важи за една од најубавите плажи во Европа. Ситен песок и кристално море во северниот дел на Тасос.

2. Плажата Алики сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Овде имате можност да изнајмите шатори со лежалки и да уживате целодневно. Ова е една од плажите која важи за тренд сетерска и најчесто треба да отидете порано за да си фатите место.

3. Paradise Beach. До плажата се стигнува по земјен пат, но верувајте дека вреди и да пропешачите. Овде често има бранови и е одлична за добра забава и трошење на негативната енергија. На плажата има ресторанче и кафуле. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.

4. Saliara Beach или уште наречена е Мермерна плажа. Сместена е во посеверниот дел на островот. Патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.

5. Псили Амос е плажа во јужниот дел на островот. Левиот дел од плажата има неверојатно мек песок, водата е за нијанса постудена од останатите плажи и дел со карпи каде можете да се сончате. Во сезона оваа плажа работи турбо – со музика и дневни забави.

6. Трипити. Плажата е голема и широка. На десната страна е ситен песок, а кон средината има и каменчиња. Овде можете на мира вистински да уживате.

7. Салоникиос. Се наоѓа во јужниот дел на островот. Има бар каде може да се забавувате од попладневните па се до раните утрински часови.

Има уште многу што да се види на рајскиот остров. И уште еден куп плажи – Макријамос, Потос, Скала Мариа, Пачис, Глифонери, Шеќерната плажа или Атспас, Металија, Пефкари, Сан Антонио...и дефинитивно ќе ја најдете совршената плажа за вас.

Она што ви е потребно е мапа на островот, авантуристички дух и желба за уживање!

Споделете го вашето искуство ако веќе сте биле на Тасос!
 

Прикачувања

  • rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-2.jpg
    rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-2.jpg
    67.2 KB · Прегледи: 3
  • rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-3.jpg
    rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-3.jpg
    64.1 KB · Прегледи: 2
  • rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-4.jpg
    rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-4.jpg
    35.8 KB · Прегледи: 2
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro and Martin_MKD

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Mykonos
photo-mykonos-island-greece-31794.jpg

photo-mykonos-island-cyclades-greece-31793.jpg

photo-windmills-mykonos-island-31792.jpg

photo-mykonos-island-31478.jpg

photo-12615-12-11-07-06-38-52.jpg

photo-12615-30-08-07-06-38-29.jpg


Место кое буди прекрасни спомени :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
Јас би отишла, секоја година по 2 пати одам во Грција (Nea Vrasna) и преубаво си поминувам..како дома се чувстувам таму..
Иако сум голем патриот, за одмор политика не гледам.
Едино не би отишла во Албанија пошо е крш, а за Лефкада ми кажувале многу дека е преубаво и водата била супер..па здравје ќе ја посетиме со сестра ми кога ќе ни се пружи шанса :)
...местото ( заливот) е коска, сум бил како мал и веке последнове 3 години бев( на различни места (Ставрос, Врасна, Неа Врасна, Аспровалта)...:cool:
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
...местото ( заливот) е коска, сум бил како мал и веке последнове 3 години бев( на различни места (Ставрос, Врасна, Неа Врасна, Аспровалта)...:cool:
Ама кажи местата се топ.
ГОдинава не одам некако не ми се оди.....можда само до Врасна да одам на ден-два :)