Грешки во однесувањето

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сте кажале нешто што не треба,или сте направиле нешто што не сте сакале.
Се наогаме во ситуација во која сме изреагирале избрзано,но лошо.
Се преиспутуваме и свакаме дека сме погрешиле.

Како реагирате во такви ситуации?
Што обично може да ве натера да сфатите дека сте згрешиле?
Дали во таква ситуација неште преземате за да ја исправите грешката или сметате дека е веке направена и нема зошто да се мачите за да ја исправите?
Ги признавате ли своите грешки?

И тоа премногу често. Но откако е нешто сторено, преиспитувањето не може да го промени тоа. Но може да придонесе кон идните реакции, да биде поука за подоцна.
Да би знаел да реагирам не би било избрзана и погрешна реакција туку би било тоа правилна апроксимација на околностите и условите кои ги наложува ситуацијата и соодветна реакција. Она што најчесто го правам во такви ситуации е откако ќе си дојдам при себе да пробам да го поправам тоа, но за жал ретко успевам. Ги признавам своите грешки, но не можам да гарантирам дека нема да ги повторам.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Треба, треба едно мало корегирање на некои работи, пимпање на свеста.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
сите прајме понекогаш грешки...шо е до мене после секоја постапка се преиспитувам зошто како и сл.....ако по некој заклучок сватам дека сум згрешила...не ми е тешко да се извинам и да објаснам зашто така сум се испонашала..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Нема да почнам со реченицата дека секој човек греши,за тоа нема потреба ни од убедување,нема ни да кажам дека тоа е нормално.
Тоа е факт.
Секој човек греши,и тоа не еднаш,туку постојано.Но нема зошто да се вадиме на таа основа.
Нема зошто со тоа да се "оправдуваме".
Вакви грешки правиме на секој чекор.
Зошто?
Па "грешките" во нашите очи не се секогаш прифатени како грешки од околината и обратно.
Дури се случува и кога без никаква намера некој да е повреден од нашето однесување а ние сме немале таква намера.
Ако приметам дека дошло до такво недоразбирање,зависи од спротивната страна,пробувам да објаснам,онолку колку е расположена другата страна да слуша.
И зависи од степенот на грешката,а признавам и од моменталното расположение.
Обично не сакам недоразбирања.Но не сакам ни злоупотребување на моето трпение.
Понекогаш се извинувам и покрај тоа што сметам дека некоја личност не заслужува,гледано од мој личен аспект.
Се извинувам од причина што не сакам мене лично да ми тежи тој товар.
Некогаш си ги уочувам грешките порано,некогаш покасно.Но никогаш не е доцна за извинување,без разлика дали ке е прифатено моето извинување од другата страна.
Постојат повеке работи што знаат да ме натерат да сфатам дека сум згрешила.
Претежно тоа е однесувањето на личноста на која сум и згрешила,уочувајки го со тек на времето.
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Грешки сме човеци прааме. :) Сите грешаме... И никој после направената грешка не останува рамнодушен. Секој пат после направената грешка, шо се трудам да не ми се случуват често-секојпат "пред да сечам 2-3 пати мерам" се извинувам од срце ако можам нешто да поправам во моментот прифаќам ако не ми се опростува. :) Немам направено некој лоши, големи грешки во животот ама сепак сум грешел. Но за да се прости секогаш се потребни и волшебните зборови. Извини, Те Молам Прости ми итн. Гордоста во тие моменти само може да го сруши потенцијалниот поврат на нештата и зборовите.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Е добро де,се случува да избрзаме во ситуации пред да размислиме поубаво шо ке прајме.
Ми се случувало да кажам нешто што не мислам,да избувнувам и после Цацко ми е крив...
Сега работам на тоа да ја променам таа особина оти страшно ме нервира.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Се извинувам секогаш на грешките, но доколку некој ми згреши и не се извини, а притоа знае дека згрешил, тогаш ќе тераме друг филм.

Кој филм го тераш ако не ти се извини некој? Сакам да знам зошто јас не знам како да реагирам кога ми признаваат дека грешат ама егото не им дава да се извинат.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Кој филм го тераш ако не ти се извини некој? Сакам да знам зошто јас не знам како да реагирам кога ми признаваат дека грешат ама егото не им дава да се извинат.
ќе го натерам да сфати дека кажал нешто грешка, во случај да (демек де) не забележи .. и после самото негово зборење да си сфати и да се извини. Не дека којзнае колку ми значи тоа извинувањето .. затоа што what has be done cannot be undone.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
ќе го натерам да сфати дека кажал нешто грешка, во случај да (демек де) не забележи .. и после самото негово зборење да си сфати и да се извини. Не дека којзнае колку ми значи тоа извинувањето .. затоа што what has be done cannot be undone.


Been there, done that и пак немало резултат... Ок фала у секој случај што проба да ми помогнеш :sreken
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Не знам јас како можете да си го контролирате однесувањето. Како што минуваат годините јас станувам се повеќе и повеќе избувлива и темпераментна. Ако не го кажам тоа што го мислам веднаш во моментот мислам дека ќе експолидирам. Викаат изброј до три па кажи што мислиш. Не можам јас така, јазикот ми е побрз.
Уште потрагично е тоа што не чувствувам никаква вина за тоа што ќе го кажам. Понекогаш ми викаат дека сум сурова, а јас сум само реална. Мног луѓе не сакаат кога ќе им ја плеснеш вистината во лице, зошто тие живеат во тој нивен имагинарен свет каде ти треба да се однесуваш онака како што тие очекуваат.