Сте кажале нешто што не треба,или сте направиле нешто што не сте сакале.
Се наогаме во ситуација во која сме изреагирале избрзано,но лошо.
Се преиспутуваме и свакаме дека сме погрешиле.
Како реагирате во такви ситуации?
Што обично може да ве натера да сфатите дека сте згрешиле?
Дали во таква ситуација неште преземате за да ја исправите грешката или сметате дека е веке направена и нема зошто да се мачите за да ја исправите?
Ги признавате ли своите грешки?
И тоа премногу често. Но откако е нешто сторено, преиспитувањето не може да го промени тоа. Но може да придонесе кон идните реакции, да биде поука за подоцна.
Да би знаел да реагирам не би било избрзана и погрешна реакција туку би било тоа правилна апроксимација на околностите и условите кои ги наложува ситуацијата и соодветна реакција. Она што најчесто го правам во такви ситуации е откако ќе си дојдам при себе да пробам да го поправам тоа, но за жал ретко успевам. Ги признавам своите грешки, но не можам да гарантирам дека нема да ги повторам.