Грешки во однесувањето

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Сте кажале нешто што не треба,или сте направиле нешто што не сте сакале.
Се наогаме во ситуација во која сме изреагирале избрзано,но лошо.
Се преиспутуваме и свакаме дека сме погрешиле.

Како реагирате во такви ситуации?
Што обично може да ве натера да сфатите дека сте згрешиле?
Дали во таква ситуација неште преземувате за да ја исправите грешката или сметате дека е веке направена и нема зошто да се мачите за да ја исправите?
Ги признавате ли своите грешки?
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Импулсивна сум и брзоплета. Тоа подразбира избрзани постапки или зборови.
Се случило веќе во следниот ако не и истиот момент да ми текне што по ѓаволите кажав или направив. Некогаш ми текнувало многу подоцна, некогаш било потребно некој да ми посочи за да увидам дека сум згрешила. Во секој случај сум настојувала да ја поправам грешката, да објаснам што сум мислела или што сум сакала да направам.
Се стремам да припаѓам во купот луѓе кои имаат поголема самоконтрола и кои внимаваат што зборуваат и прават, така е најдобро.
И да секогаш ги прифаќам грешките. Барем за тоа можам да си се пофалам. :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Доколку усерам, ја признавам грешката и се извинувам. Убаво е чувството кога ќе се извини човек за грешката, се осеќам полесно некако. Меџутим доколку некој не ми го прифаќа извинувањето и продолжува да се лигави, негов проблем, можам да пазам за во иднина, а да го вратам времето, не.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Се извинувам секогаш на грешките, но доколку некој ми згреши и не се извини, а притоа знае дека згрешил, тогаш ќе тераме друг филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
ако сум згрешила се извинувам,а ако ми згреши некој се извини и си продолжува намерно е тогаш е:cenzuraн е
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Уххх. Често ми се случува ваква ситуација. Да изреагирам бурно , брзоплето без да размислам дека не сум воопшто во право. Лоша карактеристика ми е што и кога не сум во право.. до крај ја гурам работата се бранам себе и својата (неточна) констатација само за да не признаам во моментот дека не сум во право и сум згрешила. Потоа веднаш се стишувам и сфаќам дека погрешно сум постапила, ама некако тешко ми е да се извнам. Како да очекувам околината да знае дека сум згрешила без тоа да го признаам и да се извинам. Еднаш ептен ја погрешив работата со мајка ми...потоа иако бев најсвесна на цел свет дека сум ја утнала и дека МОРА да се извинам 1000 пати за да ми прости, пак ми беше тешко тоа да и го кажам и да се извинам. Се врткав цел ден околу неа, зад неа пред неа..се додека не ми рече, “добро дејче ќе почнеш да се извинуеш или ќе си имам нем телохранител што ќе се шутка околу мене“ и тогаш се насмевнав и почнав да зборувам. ...
Најтешко ми е кога сум лута за нешто друго и на некој друг а се истурам на најневиновната особа околу мене што е. ... лошо е
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Секој човек греши. Во тоа не може никој да ме разубеди.
Секој, некогаш, или барем еднаш во животот се нашол во ситуација кога избрзал.
Мене неодамна ми се случи во една семејна караница да кажам работа што никогаш не сум ја ни помислил. Ја кажав со намера да испровоцирам, и не размислував за последиците. Кога подоцна размислив што всушност направив ми се чини ми се урна светот.
Бидејќи јас сум личност што никогаш не простува, навистина се исплашив од иста реакција.
Толку многу се понизив пред таа личност, со цел да покажам колку многу жалам.
За среќа веќе ми е простена грешката.
Што значи, доколку се најдам повторно во таква ситуација, секако дека ќе признаам колку сум згрешил и повторно ќе сторам се‘ што можам да се извинам и да покажам колку ми е жал.
Сепак ќе имам на ум дека постојат луѓе што не простуваат.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Обично пазу што збору и не тресу много глупости, али ако истресу ако не сам у право признам си гу грешку. Ако нешто лошо направу тој не ме интересира, поносан сам на тој, зашто у тј момент ми е било интересни и сам се добро осеќаја и не се кају за тој. Правија сам некои глупости закои кт размислу сга викам си дека не сам требаја, ама тг, у тј момент ми е било убаво и не се кају ради тој. :D
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Понекогаш јазикот ми е побрз од паметот тоа ми е маана но откако ја сфаќам гршката се извинувам и ја прифаќам и жал ми е што воопшто сум рекла нешто што не треба сепак тоа не може да го поправи зборот што сум го кажала затоа последно време пазам и си ја држам устата затворена пред да размислам што сакам да кажам :) ..
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
увек глеам да се шалу до границу, нејќу никад да повреду некога, ако се деси случајно такфо нешто одма се извину
људски е да се греши, још пољудски е да се признае грешка, и да се извини човек