Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Шпанија. Менталитетот на луѓето сличен како овде. Температурите нормални за шетање на пролет. Феноменалната Барселона и преубавите градби особено на Гауди. Место каде можеш да шеташ бескрајно, да се забавуваш, да одиш на плажа кога сакаш, да уживаш во преубавите пејсажи во попатните селца - Бланес, Санта Кристина, Лорет Де Мар... Вреди да се посети и прошета.
Египет, едноставно е неописиво чувството кога си во Гиза или на плажа на Црвено Море, јас бев пред 4 5 години тогаш беше мирно , сеа мислам дека има разни демострации па не е баш безбедно.
Холандија. Менталитетот на луѓето таму ми се допаѓа и општо цела држава средена, башка тревата е зелена и во зимо затоа што цела држава леже на вода и има места каде шо е испод надморската висина
Австриа брате, менталитет и култура како на ни едно друго место на светот. Толку голем впечаток што ми остави, улици како писти за авион, ѓубре неможе да најдеш ни една трошка по улиците, се средено, се` се реновира, градби, спортски објекти, најголемиот луна парк во светот, од младо до старо спортуваат, чист воздух, големи паркови, повеќе возат велосипеди од колку автомобили... ах милина, колку само сакам таму да живеам
Чешка. Мајке им, прекрасна земја е. А плус што имаат апсинт со халуциногени состојки. Би можел да поминам таму дел од животот, а да живеам...што знам тешко ми е да останам на едно место долг период.