Во ТЦ „Рамстор“ хумани ѓраѓани ќе исполнат седумдесет детски желби. Дедо Мраз не мора да биде само црвено бел дедо од приказните. Тој може да биде секој оној кој знае и сака да оствари нечија новогодишна желба и да предизвика радост и насмевка.
И годинава, по четврти пат, седумдесет деца од згрижувачки семејства денес ги испратија своите новогодишни желби до граѓаните на Скопје. Желбите ги испишаа на картички со кои ја закитија новогодишната волшебна елка на желби поставена во трговскиот центар „Рамстор.“
Секој граѓанин може да избере која картичка со желба ќе ја исполни и купениот подарок, заедно со картичката, да го остави на означеното место за среќното дете.
Волшебната елка со желби ќе биде поставена во ТЦ „Рамстор“ се до 30 декември, период во кој сите хумани граѓани ќе може да учествуваат, односно секој ќе може да одбере и оствари новогодишна желба на некое од децата. Доделувањето на подароците ќе биде на 30 декември исто во просториите на ТЦ „Рамстор.“
Новогодишната волшебна елка на желби е донаторската активност која се организира меѓу ТЦ „Рамстор,“ Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Скопје.
Темава нека биде и како тема преку која ќе се информирате, ќе исполните некоја детска желба (можете и да го напишете подарокот што сте го купиле) но и за да си напишете мислење што вие би напишале на ливче и би го закачиле на волшебна елка за да ви го исполни дедо мраз (доколку постоеше) за наредната 2013та година.