Волшебната елка во Рамстор

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
IMG_3453.JPG


Во ТЦ „Рамстор“ хумани ѓраѓани ќе исполнат седумдесет детски желби. Дедо Мраз не мора да биде само црвено бел дедо од приказните. Тој може да биде секој оној кој знае и сака да оствари нечија новогодишна желба и да предизвика радост и насмевка.
И годинава, по четврти пат, седумдесет деца од згрижувачки семејства денес ги испратија своите новогодишни желби до граѓаните на Скопје. Желбите ги испишаа на картички со кои ја закитија новогодишната волшебна елка на желби поставена во трговскиот центар „Рамстор.“
Секој граѓанин може да избере која картичка со желба ќе ја исполни и купениот подарок, заедно со картичката, да го остави на означеното место за среќното дете.
Волшебната елка со желби ќе биде поставена во ТЦ „Рамстор“ се до 30 декември, период во кој сите хумани граѓани ќе може да учествуваат, односно секој ќе може да одбере и оствари новогодишна желба на некое од децата. Доделувањето на подароците ќе биде на 30 декември исто во просториите на ТЦ „Рамстор.“
Новогодишната волшебна елка на желби е донаторската активност која се организира меѓу ТЦ „Рамстор,“ Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Скопје.

Темава нека биде и како тема преку која ќе се информирате, ќе исполните некоја детска желба (можете и да го напишете подарокот што сте го купиле) но и за да си напишете мислење што вие би напишале на ливче и би го закачиле на волшебна елка за да ви го исполни дедо мраз (доколку постоеше:D) за наредната 2013та година.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Мислам дека не би било фер јас да напишам желба на истата елка како и овие дечиња... А и на било која друга елка пошто се осеќам како да ми е се цакум пакум кога ќе се споредам со некои не толку среќни приказни. Фина е идеата though :zelen (y)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Мислам дека не би било фер јас да напишам желба на истата елка како и овие дечиња... А и на било која друга елка пошто се осеќам како да ми е се цакум пакум кога ќе се споредам со некои не толку среќни приказни. Фина е идеата though :zelen (y)
Погрешно ме сфати.Секако не мислев таму да ја напишете желбата,туку овде,во темава,темава нека биде нашата форумска волшебна елка :D
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Делумно и точно сватив ако ја игнорираме првата моја реченица хахахаха а за желбата... Нека биде нека бидеее... Нареднава година да имам прстен на десна рака даден по посебен повод од мојот љубен :D демек да не речам да се верам, извртив од околу :zelen
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас порадо би исполнила некоја детска желба, отколку да пишам ливче за моите желби. Моето време помина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Инаку,под желба спаѓа и : да си фатам дечко/девојка, да си најдам работа, да имам добро здравје,да падне многу снег,да отидам на летување во Шпанија, да има мир во светот и слично:D Не се ограчничувајте заради тоа што темава почнува со волшебната елка за децата без родители,па дека мора на темава да пишувате желби од типот како чоколадо,смоки,лижавче и слично :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да ме прати здравјето и мене и моите најсакани (особено зошто не чекаат уште пониски температури).

Да добијам новогодишен бонус парички од било кого, па може дури и да "паднат од небо", а јас да налетам надвор на нив.

Да ги поминам тие испити за кои намеравам да учам оваа испитна сесија.

Да го добијам следниов подарок:

AVENGED SEVENFOLD A7X Death Crest Textile Fabric Cloth Poster Flag Banner.JPG

Ништо повеќе, доволно е и ова. :D Ајде бе паааа, заслужив Дедо Мраз!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
од тебе драг дедо мразе јас сакам да ги положам сите испити другата година кои ме следуваат :D сакам бебето да се роди здраво и живо ( и девојче да е ) (y) и под елката обавезно да ми оставиш паќетче ама некое поголемо така да не заборавиш (happy)
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
34
од тебе драг дедо мразе јас сакам да ги положам сите испити другата година кои ме следуваат :D сакам бебето да се роди здраво и живо ( и девојче да е ) (y) и под елката обавезно да ми оставиш паќетче ама некое поголемо така да не заборавиш (happy)
за испитите може, за пакетчето ке биде само незнам колку големо а за девојче да е ке го прашаме Vitocorleone :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.