Волонтирање/Пракса

Alix

Полноправен Член
18 февруари 2012
28
44
13
морам да додадам и дека има вработени кои на колегите не сакаат да им покажат или помогнат а камо ли на практиканти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Еве јас за медицина ќе кажам дека праксата ни е најважна,а за тоа за волонтерите има и јас колку што знам до 1 година треба да се водиш како волонтер но тука има некои што волонтираат повеќе од 4 години,знам и примери такви,затоа што ја работат истата работа,исто работно време а малку пари
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: monika88 and Bum-Bum

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Една од моите омилени теми за разговор со помлади луѓе кои штотуку почнуваат со работа.
Дали знаете колку компании кај нас се шлепаат со бесплатна работна сила од студенти со тоа што ги лажат дека три месеци ќе треба да имаат пракса/обука, па после да ги заведат ко вработени за минималец?
Минималецот и не е проблем, сите сме почнале од некаде, но ние молчиме за овој „тренд“ каде газди менуваат 3-4 вработени годишно со овој муабет и така се во огромен ќар од неплатената т.н. обука, што реално може да се заврши и за недела или да се учи и сепак да се плаќа. И така многу млади мислат дека е нормално и прифаќаат, за да бидат заменети со други после истечениот период или толку да им се смачи, што самите се откажуваат и така во круг.

Кај треба да пресечеме, а сепак да е културно?
Еве пред 3 недели некаде ми пиша регрутерка, биле импресионирани од мојот труд што го прочитале и дали сум заинтересирана да соработувам со нив за сео и маркетинг, па бидејќи сум фриленс секако и си го распоредувам времето, реков што да не за парт-тајм.
И тука иде делот да им пратам два пример текста, средени за маркетинг, со линкови, со клучни зборови, а-у... Епа нели сте ја читале мојата работа и сте импресионирани, вие мене ме баравте?
Но ајде, нема проблем за 400-500 збора, им пратив. Пред некој ден ми стига автоматски мејл ко јас да сум аплицирала, она у стил „Благодариме, ја разгледавме вашата апликација, но решивме дека не е за нашата фирма.“
Е, ама пошто (малку доцна) ми текна според името дека е истата типка лани што сакаше другарка ми да ја заглави со некоја смешна сума за којзнае колку текстови неделно, ќе почекам да се индексира, па ќе си ги пребарам текстовите, па само ако ги објавиле, има во топ да одат. И не е ова изолиран случај туку многу, многу често.

Знам дека луѓе многу се плашат дека ќе останат без работа и нема да дојдат до подобра, но газди и фирми тоа само го користат.
На крајот на денот, битно е да се запомни дека ним им се потребни работници за да опстане фирмата, не обратно.
Што е до мене, попрво ќе си продавам на пазарче ако е солиден работодавецот, отколку да дремам месеци „на пракса“ каде ништо не ме учат и можеби дури знам и повеќе од нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
Јас, додека студирав, одев на задолжителна пракса десет дена во Секретаријатот за европски прашања во Скопје (бидејќи студирав на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата по преведување и толкување, јазична комбинација германски и англиски јазик). Не ни беше платена оваа пракса. Се согласувам со тоа дека повеќето фирми во Македонија ги искористуваат своите вработени, па дури и студентите кои треба да реализираат пракса. Ама некако приметувам дека повеќето прифаќаат да останат во такви фирми зашто мислат дека нема така лесно да најдат работа во некоја друга фирма. И Факултетите треба да бидат повнимателни во однос на тоа со кои фирми соработуваат, односно во која фирма ќе ги пратат студентите на пракса, или пак да им дадат на студентите можност да изберат помеѓу неколку фирми и да се одлучат за една од нив во која ќе ја реализираат праксата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

girlwithfreckles

Нов член
23 февруари 2022
9
11
3
Неплатена пракса - користење на ум, труд и желба.
Проблемот навистина е што многу млади го имат тој стаф дека сосема е океј праксата да не биде платена.
За студенти не зборувам бидејќи има многу фактори и правила со кои и не сум запознаена баш.
Зборувам за млади персони кои имаат потреба од работа, пари и се согласуваат баш на се. Не треба така, се додека младината размислува на тој начин ќе биде така сфатена и третирена.
Способноста , желбата, убавината и интуицијата треба да си ги вреднува секој човек и така да си се поставува...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and bluebell