Волонтирање / Пракса

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,741
2,356
1,123
www.crnobelo.com
Имам чувство дека компаниите кај нас почнаа да го експлоатираат овој начин на „вработување“ со цел да добијат работна сила за малку (ич) пари.
Практикантите обично се плаќаат по 3-4.000 денари месечно колку за храна и превоз, а работат целосно работно време.

Има ли некој искуство со пракса? Колку од тоа сте научиле и ви помогнало во вработувањето?
Знам многу примери за луѓе кои биле на пракса во банки, се убиле од работа и на крај биле поздравени :)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
е па тоа сите сакаат да искористат ама сепак она шо ке го научиш на пракса никаде и во никое училиште преку теорија нема да го научиш...
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum and 4FUN

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,741
2,356
1,123
www.crnobelo.com
е па тоа сите сакаат да искористат ама сепак она шо ке го научиш на пракса никаде и во никое училиште преку теорија нема да го научиш...
Колку си сигурен?
Сите пријатели што ги знам и отишле на пракса главна преокупација им била копирање, носење документи и секретарски работи...
 
  • Like
Реакции: True_Blood and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,495
14,409
1,683
во светот на бајките
е па тоа сите сакаат да искористат ама сепак она шо ке го научиш на пракса никаде и во никое училиште преку теорија нема да го научиш...
кај нас праксата секаде е ВАРЕЊЕ КАФЕ и КУПУВАЊЕ ДОРУЧЕК на вработените :rofl:stomp
 
  • Like
Реакции: Ludaca and наташа

Elence

Полноправен Член
13 февруари 2012
96
86
18
29
New York, New York
twitter.com
Па мислам дека тоа секаде е горе доле техничка работа, ептен ако ти се погоди а ми се има погодено само 2 пати. Така да пракса повеќе гледам како нешто да ставам на резиме и за препорака да добијам, него како пат до осигурување работа, макар што може во иднината. Али у секој случај тоа што сум имала на резиме ми помогнало така да иако било без пари може некако вредело :).
 
  • Like
Реакции: 4FUN

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
па шо знам јас такво мислење имаам зашто еве мојата досегашна пракса од областа на ПЛЦ шо сум ја имал било со зададени проблеми од реални фирми ама се одвиваше во училиштето и со професоро па ваљда за тоа мсилам дека праксат е ептен битнаи дека може многу да се научи..
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Зависи на каква пракса одиш..На пример кај мене на фармацевтски праксата е многу поважна и од самите предавања..Имаме и преку година и за време на распустот..Многу повеке до сега имам научено од тоа што сум одела во аптеки и во лаборатории него не предавања..Воглавно за целиот медицински факултет праксата е од огромно значење
 
  • Like
Реакции: Blondie and Alix

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Се согласувам дека праксата е многу битна,да не речам побитна од самата теорија. Од овој семестар не пратија од факултет во едно основно училиште во центар, одиме еднаш неделно по 2 школски часа, и воопшто не ни е досадно, иако само набљудуваме како се одвива часот,што прави наставникот, што децата и запишуваме. По потреба им помагаме на децата за задачи математика или некои групни проекти.
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Alix

Полноправен Член
18 февруари 2012
28
44
13
Имам чувство дека компаниите кај нас почнаа да го експлоатираат овој начин на „вработување“ со цел да добијат работна сила за малку (ич) пари.
Практикантите обично се плаќаат по 3-4.000 денари месечно колку за храна и превоз, а работат целосно работно време.

Има ли некој искуство со пракса? Колку од тоа сте научиле и ви помогнало во вработувањето?
Знам многу примери за луѓе кои биле на пракса во банки, се убиле од работа и на крај биле поздравени :)

Како банкар, не можам комплетно да се согласам со тебе. Кај мене има практиканти кои работат полно работно време на вистински проблеми и се солидно платени... Но има и овакви за какви ти зборуваш. Веројатно зависи од институцијата и од одделот а и од вработените кои се на некој начин „претпоставени“ на практикантите. Ретко кој кај нас мисли дека ако студентот е на пракса треба нешто да научи од проста причина што е многу кратко време во институцијата и нема кога да научи се. Од друга страна можам да разберам зошто се однесуваат така со практикантите во банките: работата во банка е страшно комплексна и никогаш не се извршува или зависи само од една личност или вработен. Постои цел синџир на активности за една трансакција да биде завршена. Практикантот нема време и шанси да научи ни приближно доволно за да може да ја разбере работата или да направи нешто сам и затоа на сите им е полесно да ги пратат да разнесуваат документи, за жал. При тоа се работи со туѓи пари и не дај боже да се случи некоја грешка :frantic
 
  • Like
Реакции: 4FUN

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
кај нас праксата секаде е ВАРЕЊЕ КАФЕ и КУПУВАЊЕ ДОРУЧЕК на вработените :rofl:stomp
Хаха, кај мене на факултет дури една професорка ни рече „Па не се плашете од праксата, и ние сме биле на пракса. Ќе видиш нешто саат време и после ќе те пратат по банички и буреци“.

Инаку јас се чудам кај ќе одам на пракса цел месец, мајке му.
 
  • Like
Реакции: JaMi