Што мислите за овој предлог на законот за безбедност во патниот сообраќај ?
-Во ред ли е 16 годишни тинејџери да седнат зад воланот и да управуваат со патничко возило?
-Сметате ли дека се доволно возрасни за да учествуваат во патниот сообраќај?
-Воедно,сакам и ваше мислење за почетниците возачи кои што треба да чекаат 2 години возачко искуство за да можат да искочат во град со кола
пошо не смее да се вози од 23 до 5 часот освен ако до него нема совозач од 25 години ?
Глупост жива.
Што сакаат со ова да постигнат, демек еве ќе дозволиме на 16 години да се полага со тоа што даваме стимул за подобро образование т.е подобар успех? Како прво нека си го средат образовниот систем, нека оценуваат професорите објективно, без врски, мито и познавање на пријатели.Тогаш може да разговараме за овој нивен систем за давање дозвола за полагаање за моторно возило на 16 години.
Во ред е, затоа што лично јас возам кола уште од 15 години.Никогаш ама никогаш до полагање за кола не сум направил никаков сообраќаен прекршок, нити пак сообраќајка нити пак сум имал некои си поголеми проблеми со полиција, иако сум ги имал ама се решавале со 1000-че
За да учествуваш во сообраќај треба да бидеш психофизички спремен и здрав.Може некој да има и 25 години ама да размислува како 13 годишно дете, да дрифта кола на сред паркинг или да вози 180 на партизанска.Тука не може да се постави јасна граница.
Има многу финти и тактики што може да се направат доколку ве сопре полиција после 11 часот.
Најдобро е да бидете трезен.Укажете му на џандарот дека сте совесен и дека иако возите после 11 часот не сте консумирале алкохол.Бидете фини, љубезни,без нервоза и повишен тон.
Доколку тоа не упали, прашајте го дали може проблемот да се среди на некој друг можен начин и пофатете се по вашиот новчаник.Прашајте го колку е доволно за една вечера во Злате со неговиот колега.Најчесто 1000-ка завршува работа.
Трета варијанта е да има до вас лице (другар) кој има повеќе од 2 години возачко искуство.
Четврта варијанта е да повикате помош од пријател кој е џандар, алфаш, инспектор, началник, воено лице и слично.
Петта варијанта, која е малку поризична, но некогаш знае да успее доколку двајцата џандари се надвор од возилото е да не им застанете