Возачка дозвола на 16 години

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Возачка на 16 години само за одлични и примерни ученици


Доколу измените поминат без интервенции во законодавниот дом, шеснаесетгодишниците на кои учењето им е слаба страна и се немирни на часовите и во училиштата можат да се збогуваат со помислата да полагаат за возачка дозвола и ќе чекаат да наполнат полнолетство.

Овие услови стимулативно ќе влијаат на лошите ученици, велат во МВР
Само одличните и примерни ученици ќе ја имаат привилегијата да полагаат за возачка дозвола на шеснаесет години. Тоа е еден од условите пропишани во предлог-измените на законот за безбедност во патниот сообраќај што треба да им овозможи на постарите малолетници легално да седнат зад воланот.
Предлог-измените веќе се доставени до собранието и, според наши информации, на 1 март треба да се најдат во прво читање пред надлежната собраниска комисија.

Доколу измените поминат без интервенции во законодавниот дом, шеснаесетгодишниците на кои учењето им е слаба страна и се немирни на часовите и во училиштата можат да се збогуваат со помислата да полагаат за возачка дозвола на 16-годишна возраст. Тие ќе треба да чекаат да наполнат 18 години.
Покрај одличниот успех и примерното поведение, ученикот ќе мора да добие и писмена согласност од педагогот и психологот во училиштето. Доколку нема еден од нив, задолжителна е согласноста од класниот раководител. Овие документи треба да бидат заверени на нотар.

Предложените одредби изгледаат дискриминаторски и ги ставаат во нерамноправна положба малолетниците што сакаат да возат, но кои ете поради послабиот успех во училиштето не ќе можат да го направат тоа на легален начин. Тоа е во спротивност на основните заложби на предлагачот дека со возачка над 16 години ќе се спречат кражбите на автомобилите од своите родители. Наспроти тоа што кражбата на возило, па и да е на родителите, не спаѓа во категоријата примерно однесување.
Од МВР велат дека овие услови воопшто не биле дискриминаторски, туку напротив, требало да влијаат стимулативно на лошите ученици да станат одлични и примерни ако сакаат возачка на 16 години.

- Истиот член повеќе може да се гледа како мотивирачки. Нешто што дополнително би ги стимулирало постарите малолетници што сакаат да полагаат возачки испит, да покажуваат подобри резултати на училиште. Од друга страна, станува збор за предлог-измени, што значи дека тие сé уште не се усвоени од Собранието. Предлог-измените се дадени во собраниска процедура, така што очекуваме законодавниот дом сериозно да ги разгледа. Доколку има сугестии и амандмани за додавање или за бришење некои одредби од предлогот и тие бидат направени, ние сме должни да ги почитуваме - вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност на МВР.

За да добијат статус кандидат за полагање возачки испит шеснаесетгодишниците треба да исполнат еден куп услови, а и кога ќе ја добијат дозволата, според измените, им следуваат низа ограничувања.

Така, покрај стандардните услови што важат и за повозрасните кандидати, постарите малолетници ќе треба да добијат согласност од двајцата родители, старателот или законскиот застапник, заверена нотар, и да поминат 30 отсто повеќе наставни часови.
Кога веќе ќе ја имаат дозволата в џеб, нема да смеат да возат во периодот од 20 до 5 часот, освен ако не се придржувани од родител, потоа автомобилот не смее да биде со поголема моќност од 75 киловати. Брзината е ограничена на 60 километри на час јавен пат, 80 на магистрален и 100 километри на час на автопат. Не смее да влече приколка и да превезува деца.

Ако прекрши некоја од овие одредби, казната е 300 евра и забрана за возење во период од три месеци до една година.
Услови за возачка
  • да има наполнето 16 години
  • да поседува лична карта
  • да е здравствено и психофизички способен
  • завршено најмалку основно образование
  • согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
  • да има одличен успех и примерно поведение
  • писмена согласност од психологот и од педагогот од училиштето или класниот раководител, заверена на нотар
Ограничувања
  • не смее да управувавозило од 20 до 5 часот, освен во придружба на родител - да вози со брзина до 60 километри на час на јавен пат
  • моќноста на автомобилот до 75 киловати
  • не смее да влече приклучно возило
  • не смее да врши организиран превоз на деца
Извор: www.novamakedonija.com.mk


Што мислите за овој предлог на законот за безбедност во патниот сообраќај ?
-Во ред ли е 16 годишни тинејџери да седнат зад воланот и да управуваат со патничко возило?
-Сметате ли дека се доволно возрасни за да учествуваат во патниот сообраќај?
-Воедно,сакам и ваше мислење за почетниците возачи кои што треба да чекаат 2 години возачко искуство за да можат да искочат во град со кола :frantic пошо не смее да се вози од 23 до 5 часот освен ако до него нема совозач од 25 години ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
нема врска ово,уште што нема да се измисли за пари ...ограничувањата се исти и за возачите почетници

сеа тоа правило за 2 год.да не можеш да возиш после 23ч. незнам има тука повеке ситуации
-има некои без возачка се знаат повеке да возат од почетник
-некој има положено пред 3-4 год. али у кола е седнал само во автошколата

според мене нема некое значење
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludi Maks and Mila Kunis

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Да бе 15/16 годишници уште цицаат ќе ми се фолира со ауто купено од мама и тато..
dislike.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak, 4FUN and Boyka

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Предложените одредби изгледаат дискриминаторски и ги ставаат во нерамноправна положба малолетниците што сакаат да возат, но кои ете поради послабиот успех во училиштето не ќе можат да го направат тоа на легален начин. Тоа е во спротивност на основните заложби на предлагачот дека со возачка над 16 години ќе се спречат кражбите на автомобилите од своите родители. Наспроти тоа што кражбата на возило, па и да е на родителите, не спаѓа во категоријата примерно однесување.


Глупости! Јас лично познавам многу што во школо се одлични и примерни, а земаат автомобил од дома без знаење на родителите.
80% од 16 годишниците уште ги мават хормони и ќе сакат да се прават " еве кој сум и што сум " со колата, всушност тие и затоа ја земаат колата од дома без знаење на родителите.
Она за возење од 23 до 5 часот што е. Па и за сегашните возачи почетници е исто.
Не е добар законот.
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
ја на 16 год. се замислував ко Шумахер ,си велев сеа да можам да возам кола има да ја газам кај сакам ,,..

сеа у кола не ми се седнува,да има некој да ме вози само сакам :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ако се прашувам јас, од 16 години да почнат да полагаат треба.
Да возат пробно, постепено...па на 18 години возачка.

Зашто реално да си кажеме меѓу 16 и 18 години нема баш некоја голема ментална разлика, и ако некој си валиден орган му даде црно на бело дека е способен да вози кола, џам ќе свитка. Нема сигурно да го спречи да се налева со алкохол и да глуми потомок на Чак Норис со бесното ауто што му го купиле ко што рече Хип мама и тато...

Јас не знам шо си праат бајрам на мозокот сериозно!
 

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
139
169
43
Скопје
Ќе биде интересен моментот кога ќе се тужиш 16 годишник за сообраќајка...
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Добро, да земеме дека некој на 16 ќе полага! Мислите одма ќе положи?
Тие што полагале (не на 16, и постари) знаат дека одма не те пуштаат. Ќе ти најдат нешто, ќе те паднат еднаш два пати, па и најдобар биди, за пари да земат ќе те паднат.
На 16 годишниците уште толку ќе им се запнат. Значи, не значи дека ако на 16 почнеш со полагање на 16 и ќе положиш...
И друго, се сложувам со True blood дека од 16 до 18 нема голема ментална разлика.
И плус, еве јас како 16 годишник со одличен успех и примерно поведение на глава му се качувам на тато да ме пушти да полагам. Кратко и јасно ми рече дека пред 18 нема кола. И готово.
Се е до родителите, ако попуштаат децата ќе лудуваат, ако не-нема!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
јас сум за овој закон... Подобро 16 годишник да полага и да вози со црно на бело, легално кола отколку вецер секако да ја здипли од дома па да направи не дај боже некоја сообраќајка... Јас сум бил таков 16 годишник додека не ми ја даваја колата ја крадев навецер бидејки ми беше мерак да возам. Кога татко ми ми го даде клучот и ми кажа дека можам сам да возам и да ја земам колата без молење верувајте преку ден ми поминуваше меракот зада крадам кола... Затоа сум за овој закон... А сепак подобро е на тие деца да им дадат возачка...