Вицови

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673
За половина час ќе седнете на електрично столче. Имате ли последна желба? - Да. исклучете ја струјата.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Првиот ден жената му вели на мажот:
- Драги, одам во теретана.
- Добро душо.

Вториот ден жената му вели на мажот:
- Драги, одам на аеробик.
- Добро душо.

Третио ден жената вели:
- Драги, денес ќе одам на јавање.
- Знам душо... се јави коњот, те бараше...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blondie and street_chic

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
‎- Ало полиција!
- Да!?
- Пријавувам кражба!
- Што ти украле!?
- Статусот
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
На една река од едната страна била мечката што берела капини, а на другата зајакот.
- Еј, мецо, дојди да видиш нешто што го гледам јас! – вели зајакот.
- Не можам, зајко, јадам!
- Ма, дојди, кога ти велам! Ќе се изненадиш! – вели зајакот.
- Не доаѓам. Но, зајакот замарал така едно саат време и мечката сепак решила да отиде до зајакот. Влегла во водата и замалку не се удавила. Кога истоштена дошла кај зајакот, тој рекол:
- Ај, мецо, погледни колку капини има од таа страна на реката.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Обама, Путин и Прванов од една соба со комарци (само еден машки, а другите женски) требало да извлечат 3 комарци, ама едниот да биде машкиот.
Влегува Обама и извлекува 3 женски, влегува Путин и извлекува 3 женски, а на крај влегува Прванов и вади 2 женски и еден машки.
Овие го прашуваат како ли го извлекол него, а тој вели:
- Па влегов внатре и викам. Јас сум Георгије Прванов и сум претседател на Република Бугарија, а еден комарец од таму вика:
-к*р ме боли!

Во авион патувале Грк, Американец и Македонец. Одеднаш се појавил ѓавол и започнал да го сече крилото на авионот.
Гркот му рекол дека ќе му даде 100.000 евра само да престане да го сече, но ѓаволот продолжил да сече.
Американецот му рекол дека ќе му даде 500.000 долари само да престане да сече, но тој продолжил.
Македонецот се насмеал и рекол:
- Ќе ти дадам 100 денари, само продолжи да сечеш.
Ѓаволот се изнервирал и рекол:
- Ти луд ли си бе? За 100 денари да се отепам!

Зоки Поки ја возел Марика на рамката на велосипедот. Откако се симнала Марика му рекла:
- Ех Зоки, Зоки... Нели виде дека сум без гаќи додека се возев?
- Ех Марике, Марике... а ти нели виде дека велосипедот е без рамка?
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
За време на посета на психијатриска болница,
новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат
кого ќе примат во болница на лечење…
- Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода,
ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни
водата на најбрзиот начин.
- Аха, разбирам… – одговара новинарот. Значи, оној што е нормален
ќе почне да вади вода со кофата?
- Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата.
Сакате соба со балкон или без?
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За време на посета на психијатриска болница,
новинар го прашува директорот на болницата врз основа на што одлучуваат
кого ќе примат во болница на лечење…
- Многу едноставно, ќе го ставиме пред када наполнета со вода,
ќе му дадеме лажица, чаша и кофа, па ќе му кажеме да ја испразни
водата на најбрзиот начин.
- Аха, разбирам… – одговара новинарот. Значи, оној што е нормален
ќе почне да вади вода со кофата?
- Не, тој што е нормален ќе ја извади затката од дното на кадата.
Сакате соба со балкон или без?
Безвеза,напротив најбрзо ќе се испразни со кофа ако ја празниш,блонди тебе ти беше смешен вицов,соба со балкон или без за тебе:rofl