Патувале со авион за Америка,Марко американец и русин. Летале над океанот и одеднаш се појавил Ѓавол во авионот и им рекол:
- Вие тројца имате шанса да се спасите од пеколот. Секој од вас треба да фрли по еден предмет од авионот во океанот, а јас ќе отидам по него. Ако успеам да го донесам предметот, оној кој го фрлил ќе оди во пеколот.
Американецот прв го фрлил предметот. Ѓаволот скокнал во океанот и брзо се вратил носејќи ја иглата со себе. Го земал американецот и го одвел во пеколот.
Русинот втор го фрлил предметот. Ѓаволот скокнал и се вратил со чачкалица. Го земал русинот и го одвел во пеколот.
Дошол на ред Марко. Фрлил предмет, а ѓаволот скокнал по него во океанот. И го немало, го немало, го немало, кога ете го ѓаволот изнервиран се вратил во авионот му вика на Марко:
- Добро бе море, што фрли ти?
А Марко:
- Шумлива таблета…