Вакви како тебе се повеќето, и што ги знам и на форумов. Ни шанса не им давате на филмовите туку одма уште не изгледан викате дека не чини. Во овие филмови нема никакви ефекти, нема ништо додавано, музиката е милион пати подобра од сегашниве.
Погоре Ио спомна за сцената со тробојот во Good, Bad and The Ugly. Еве види, посебно од 4:20 до 5:00 и слушни ја музиката во позадина. Кој денешен филм може да се пофали со вакво нешто?
Од истиот филм, сцената пред оваа погоре исто е одлична. И музиката е перфектна, повторно, кој денешен филм може да се пофали со ваква музика? 1:10 почнува најдоброто.