Вестерн Филмови

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од поодамна сакав да отворам ваква тема ама се предомислував заради тоа што сега сите повеќе ги гледате овие новиве филмови, некои комедии, романтики, плачење, и лоша глума и се тоа.
Никој не сака ни да слушне за вестерн филм.

Кога ќе се спомне вестерн повеќето се исмејуваат, барем јас имам такви примери. Демек еј види будала какви филмови гледа.
Туку да не замарам, не е муабетот да раскажувам глупости.

За мене вестерн филмовите ми се нешто нај, имам полно изгледано и не можам да одберам омилен.
Нормално за тие што не се смеете на жанров, прво на памет ќе ви падне The Good, The Bad and The Ugly премногу добар филм. Мене цела таа трилогија ми е една од најдобрите што сум ги гледал, си земеш за грицкање и за пиење, и 6 часа скоро немаш гајле за ништо туку само уживаш.

Што мислите за жанров? Сте гледале ли некој вестерн филм и зошто не? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Io Sono

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Стариот обожава вестерни, ги знае сите глумци и глумици :kafe
Имам гледано неколку, оној со Буч Касиди и Санденс Кид беше јако филмче, посебно последната сцена која е врв :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
И татко ми исто беше фан на вестерн а и ја не заостанувам многу во тој поглед.

The Good, The Bad and the Ugly спаѓа во т.н Шпагети Вестерни, заедно со другите два. Во тој дел се и старите Џанго филмови. Сцената со тробојот во GBU е една од најдобрите сцени евер. Серџо Леоне и Енио Мориконе се страшен тандем.

Од класичниот вестерн мене омилен ми е High Noon, а имам изгледано доста, впечаток ми имаат оставено The Wild Bunch, Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Man Who Shot Liberty Valance итн...

Од понов датум омилени ми се Young Guns двата дела и посебно римејкот на 3:10 to Juma.

На страна тоа имаше и некои забавни вестерн/комедии/scifi како третиот дел на Back to the Future и Wild Wild West.

И оние со Бад Спенсер и Теренс Хил, дел од нив се шпагети ама за мене филмовите со овие двајца се категорија за себе.

Како и да е, некако многу претпазливо ја отвори темата како да се плашиш дека некој ќе те изруга што гледаш вестерни :). Добар филмоман гледа се, кој не гледа тој губи.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Altaïr

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Обожавам филмови од секој жанр и секако и вестерн покрај погоре наведените омилен од „шпагети вестерн“ филмовите ми е и "Once Upon a Time in The West". Исто омилен вестерн ми е и „ 3:10 to Yuma".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И татко ми исто беше фан на вестерн а и ја не заостанувам многу во тој поглед.

The Good, The Bad and the Ugly спаѓа во т.н Шпагети Вестерни, заедно со другите два. Во тој дел се и старите Џанго филмови. Сцената со тробојот во GBU е една од најдобрите сцени евер. Серџо Леоне и Енио Мориконе се страшен тандем.

Од класичниот вестерн мене омилен ми е High Noon, а имам изгледано доста, впечаток ми имаат оставено The Wild Bunch, Butch Cassidy and the Sundance Kid, The Man Who Shot Liberty Valance итн...

Од понов датум омилени ми се Young Guns двата дела и посебно римејкот на 3:10 to Iwo Juma.

На страна тоа имаше и некои забавни вестерн/комедии/scifi како третиот дел на Back to the Future и Wild Wild West.

И оние со Бад Спенсер и Теренс Хил, дел од нив се шпагети ама за мене филмовите со овие двајца се категорија за себе.

Како и да е, некако многу претпазливо ја отвори темата како да се плашиш дека некој ќе те изруга што гледаш вестерни :). Добар филмоман гледа се, кој не гледа тој губи.
Претпазливо ја отворив зошто гледам какви филмови гледаат повеќето, затоа толку се мислев иначе ехее уште лани ќе ја отворев. Мене иначе римејкот на Јума ми е подобар од оригиналот, за било кој филм секогаш викам дека оригиналот е подобар ама овде стварно римејкот беше супер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21 and Io Sono

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
По хорор филмови, вестернот ми е нешто најнеомилено од жанрови. Немам нешто посебно изгледано, некој Клинт Иствуд филм и тук-таму филм со Бад Спенсер и Теренс Хил.. Вториве ми се интересни и им имам изгледано неколку филмови, иако не го сакам жанрот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ќе заборавев, еднаш по инсистирање на стариот го гледав The Wild Bunch, импресивна ствар, посебно крајот - има сцени кои не се забораваат, плус јак саундртрак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
По хорор филмови, вестернот ми е нешто најнеомилено од жанрови. Немам нешто посебно изгледано, некој Клинт Иствуд филм и тук-таму филм со Бад Спенсер и Теренс Хил.. Вториве ми се интересни и им имам изгледано неколку филмови, иако не го сакам жанрот.
Вакви како тебе се повеќето, и што ги знам и на форумов. Ни шанса не им давате на филмовите туку одма уште не изгледан викате дека не чини. Во овие филмови нема никакви ефекти, нема ништо додавано, музиката е милион пати подобра од сегашниве.
Погоре Ио спомна за сцената со тробојот во Good, Bad and The Ugly. Еве види, посебно од 4:20 до 5:00 и слушни ја музиката во позадина. Кој денешен филм може да се пофали со вакво нешто?

Од истиот филм, сцената пред оваа погоре исто е одлична. И музиката е перфектна, повторно, кој денешен филм може да се пофали со ваква музика? 1:10 почнува најдоброто. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Outrider