Венчавање во црква/крштевање - избор или наметнување?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па, океј, дури бев помала, мислев дека навистина е само избор на поединците и дека друг не може и не смее да им се меша. Кога почнаа да се мажат и женат другари и другарки, сфатив колку е всушност тоа наметнато во ова општество. Луѓе што се атеисти, агностици или општо не се нешто религиозни, па да сакаат да фрлаат пари во црква, први застанаа пред олтаар под притисок на родители, роднини и пријатели.
Имам познаничка, на 23-4 роди (значи ни постара, ама ниту пак дете) и прочитала дека некрстените бебиња смрдат, па тоа беше хаос дури да дојде време да го крсти детето.
Всушност, првин во една ФБ група видов прашање од мајка зошто детето мирисало на кученце (што?), а друга ѝ беше кажала оти не е крстено. Беше и доста вирален постот, мислам. Но, мислев дека некој трола дури не го слушнав истото со свои уши.
Така да би рекла дека за повеќето, посебно кога мама и тато плаќаат, повеќе е наметнување.
 
  • Haha
Реакции: JaMi

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Каква црна црква, заветите кон себе ќе ги напишеме сами и ќе ги прочитаме/ветиме за време на самата свадба и тоа е тоа, барем имавме таква идеја некаква со мојата непрежалена, и таа беше ХЦ атеист за среќа, никакви попови со кандила кои мумлаат нешто као на старословенски, им се насерам во брадите.