Велигден (општа дискусија)

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Мене велигден ми е најубав празник. Најверојатно дека цело време сум опкружена со луѓе и сите се среќни полни со позитивна енергија, насмеани...Инаку немаме некој посебен адет. Најпрво се оди кај најстарите кај баба и дедо па потоа цел ден по гости кај тетки, брачеди, другарки па негде на кафе во некое локалче. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Најубав празник,се држиме кон традицијата
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Убав христијански праник каде треба да доминира скромноста и љубовта, убави мисли, помагање, дарување, веселба со најблиските...Но што сторивме ние луѓево од празниците, како го сменивме начинот на празнување, страшно..Исус не би биле среќен кога би можел ова да го види, преждерување, шопингување, комерција, тотално заборавени сиромасите и бескуќниците..тотален промашај..Сите сликаат како ги дотерале своите богати, пребогати трпези, ги сликаат фарбаните јајца, се фалат на соц.мрежи..а никој не си ја слика душата своја.
Луѓево ги упропастија празниците...
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Убав христијански праник каде треба да доминира скромноста и љубовта, убави мисли, помагање, дарување, веселба со најблиските...Но што сторивме ние луѓево од празниците, како го сменивме начинот на празнување, страшно..Исус не би биле среќен кога би можел ова да го види, преждерување, шопингување, комерција, тотално заборавени сиромасите и бескуќниците..тотален промашај..Сите сликаат како ги дотерале своите богати, пребогати трпези, ги сликаат фарбаните јајца, се фалат на соц.мрежи..а никој не си ја слика душата своја.
Луѓево ги упропастија празниците...
Не е наша работа тоа,тоа треба држава да се грижи за бездомниците и сиромашните и на секој празник се јаде и порано се јадело
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Да удриме еден bump на темава.
Иако не сум верник, а и моиве дома не се нешто луди по религија, ми се допаѓа целокупната енергија, шаренилото, ручекот со домашните, па гостите (кога се можеше), па секакви муабети. Опуштено е, убаво, го сакам периодов.
Не мора воопшто да си верник за да почитуваш туѓ избор, да честиташ и да цениш убави моменти. (wasntme)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас лично ги обожавам нашите православни празници, ја сакам нивната симболика и значење...
Ги сакам и Бадник, Божиќ, Велигден, Прочка...семејни слави и тн.
Мене ме вади од такт наметнувањето на америчките празници и нивните адети...
Ме нервира празнувањето на валентин, Халуин, ме нервира наметнувањето на зајакот како симбол за Велигден???
Од кога бе тоа?
Каква симболика има тој зајакот, како е поврзан со православието...?
А уште посмешна декорација ми се јајца обесени на гранка...А бе ајде...
Јас не памтам како дете дека имало зајаци како украси или не знам што...
Со две раце прифаќаме се` што ни` наметнува западот и не ни е проблем, а проблем ни` е да го негуваме оригиналното, нашето, традиционалното... Е, тоа не ми влегува во глава.
А не ми влегуваат во глава и тезгите наредени пред црквите за Голем Петок, а во Библијата убаво стои дека Исус кога видел такви тезги пред Божјиот храм ги испуцал и избркал...и сега??
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Неверниците како мене се дискриминирани, зошто нема празник за нас? :frantic