Ова е мојот стил.
1. Октопод патики- можат да бидат многу комотни ако ги погодиш прстите на кои краци ќе ги пикниш..навечер очите им светат бели, и се носат исклучиво со чорапи за да не се избоцкаш.
2. компјутерски влечки нелајнарки- кои те поврзуваат со хакерскиот свет, при што ако начекаш компјутер ја соблекуваш десната влечка ја поврзуваш и одма можеш да мирцаш. Многу скокоткаат кога чулчето ќе ти е помеѓу ескејп и еф1 затоа се носат нецелосно облечени...односно во хипстерски стил.
3. аладин сандали за вчаршија- се користат за брзо бркање девојки, лесно денсање, подскокнување...само треба да пазиш кај газиш, зш како стартски се во модерна верзија.
4. тапа кондур за секоја пригода- ептен се тапа кондуриве мора да ги сменам, зошто ми прават рани на задниот дел на петицата и многу ме стегаат...тоа може да се види на сликава.