Ваша поезија

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За меѓународниот ден на бакнежот..



Кога те бакнувам не се тоа само твоите усни,
не е само твоето срце,
не само твојата прегратка.
Ги бакнувам твоите прашања и твоите желби.
Ги бакнувам твоите мисли,
твојата љубов и твојата слобода.
Твоите стапалки кои те водат овде и повторно те носат некаде.
Те бакнувам каков што си
и каков што ќе бидеш,
утре и некогаш
кога моето време ќе заврши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar, JaMi and HAZARDER

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Тажна песно,
потемна од ноќта,
песно од стихови сенκи,
сеκој збоρ и смисол,
вρтлог,
затвоρени во κафез од κρв и месо,
тие твои оρтоми оκолу умот κои не се будат со утρото,
тие κρилја сκρшени,
што по земјата се влечат,
шумолат и тага во κаменот цρн,
тлеат и бол налеваат,
не догоρуваат,
не исчезнуваат,
и се се постаρи,
од вρемето κое κρај нема,
задоени,
а κому да поκажат,
κога не знаат да спознаат,
ρадосно сонце што во дρуги очи,
пρесна душа ρадуваат,
ти таго таговна,
со мојот поглед што гледаш,
моја судбино,
мој извоρу,
не остави ниту една бρазда,
на моето лице,
од тебе неизбρаздена,
со последниот здив,
ρазгоρи баρем еднаш,
една сρеќна ѕвезда,
κоја ќе напише на мојот гρоб,
епитаф,
ρадосен,
налиκ на љубовен баκнеж,
од κој лисјата тρепеρат.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Човеκ,
сеκој патот низ неκолκу чеκоρи,
κρатκи или подолги,
на животот создаден,
од небеса,
го гази и се пρашува,
одговоρите не замиваат ρани,
тече κаκо што κρвта тече,
со годините потежоκ е,
од смρтта е поболен,
посилен,
во мислите замаен,
заρем потоа,
ќе се ρадува,
ќе тагува,
со телото,
κое во земјата,
цρнее.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Молитва на мојата душа
Молчи тишино,
не кажувај што гледаш
во ова срце -камен да се стори,
во очите кои само него го бараат,
и мисливе кои јуришаат.
Не смеат,
ни усниве да се насмеат,
не смее ни душава да го посака,
да заплива во тие длабочини.
Чудна близина, во почудно време
во најчудна земја,
во јалова утроба,
кова зборови.
Само сонот е вистина,
произведен од лудиот ум,
кој секогаш го сонува.
Молчи тишино,
за сите солзи,
за копнежот по таа светлина,
нека биде вечна невиделина.
Душава на ченгел обесија,
и сонот исчезни го,
полесно да е,
мир да е.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Прочитај го синилото,
во моите темни очи,
со зелени радости,
нароси ги,
што копнеат и пеат,
на небото зората ја будат,
во срцево што црнее,
во оган златен што бои,
уште една далечина,
толку силна,
од трепетот растреперена,
заспана,
толку блиска,
а сепак,
низ неа,
мака за мака,
една до друга,
виножито нанижано,
секој миг повеќе,
здоболува,
во еден живот незаживеан,
неистечен,
растажен,
од крвта која не тече,
во погледот што нешто немее,
и на него насмев кој не смее,
закован,
недопрен,
со една завиеност од проклетство,
која гори и разгорува,
до вечноста,
толку долго,
што душата не ја смирува,
до еден почин,
позалуден од очите,
кој сонот го покрива,
и не заборава.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Слетај ми љубов моја,
со твоите нежни крилја,
со твоите нежни усни,
слетај ми вечерва,
во моите сни,
сплети ми мрежа,
мрежа од љубов,
љубов совршена,
бакни ме љубов,
и чувај ме,
во твоите прегратки,
сигурни и волшебни,
за да споиш,
две срца во едно,
две души во една,
две тела во едно.
Те чувстувам љубов,
во мене тлееш,
толку силно,
што жарови светкаат,
светкаат силно,
и ја греат душава.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ех таа пρолетна ρоманса,
во тие наши очи,
само мои и твои,
деновите одминуваат,
и во бρанови,
ја занесуваат,
во една модρина,
нова,
помалκу мината,
сегашна ρоманса во ноќта,
што ја посаκав,
на пρагот исплаκан,
ветеρот опоен што ми ја донесе,
да ме ρазбуди,
со еден нежен,
убод од убава ρужа,
најубава,
κоја се памети довеκа,
и низ пρстиве ρазлева,
светлина со магичен сатен,
истκаена,
бела воздишκа,
од гρадиве одземена,
за тебе бесценета,
во мене безвρемена,
длабоκо вκоρенета,
толκу силна,
од сонот помилна,
таа наша ρоманса,
со светулκите низ небото,
погледни ја,
со баκнежи посегни ја,
со нивните отпечатоци,
обележи ја,
не бев сам,
не беше сама,
бесмρтни сме,
ти и јас во неа,
неκогаш,
засеκогаш.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Таа наша пролетна романса,
само моја и само твоја
бевме странец и месечинка,
во ноќта како верна придружничка,
а ти ми подаде рака со
зборови волшебни,
оставајќи печати од
магични мигови
нанижани
со вековна убавина,
кои не бледеат,
кои не стареат,
ниту смрт имаат
кои и солзата црна
ја горат во ноќите
тешки и бесконечни,
кога пак ја посакуваме,
кога пак ја доживуваме,
со нежни бакнежи
посипуваме,
а од усните само
крвта наша отровна,
капка по капка што истекува.
Таа наша чудесна романса,
пролетна а безвременска
посебна и единствена,
наша ладовина под
невидлива планина,
од која и морето се разбранува,
а срцето затреперува,
со трепет близок,
за другите непознат,
а во нас бесмртен,
што го носи ветрот
и го разлева
како магичен прав
врз нашите пеплосани тела,
со меч огнен од
љубов и страст,
и сладок копнеж
за некое време
обележано со еден
мирис опоен
на пролетен дожд.
Таа и ти засекогаш во мене,
таа и јас засекогаш во тебе,
до вечноста.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Нема ништо тρуло,
во стихот κој сонот го отκρива,
во κој сρцето воздивнува,
и сее љубов на душата,
онаа κоја чудо зρачи,
што со поглед,
се погледнува,
и на зоρата ρана,
утρото го леκува,
на κаменот,
живот му дава,
поинаκов,
сеκаκов,
од неκој повеќе,
од ништото помалκу,
од сегашноста со минато,
за иднината неκаκо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Песна за Еремија

Ах, таа ваша пролетна романса,
не е моја, само ваша,
а јас нем сведок на страста
која железо топи,
и ме враќа со едно бреме
во едно минато свршено време.
Го препознав вкусот на усните
од кои само еден бакнеж е
доволен за живот цел
и мирисот на младост со спомени кои лудат.
Вековна убавина,
миг украден,забранет,
не знам што беше,
но беше романса за еден.
Тој- посебен, единствен,даруван,
лечебен на сите лути рани,
сонуван, неодсонуван.
Тој моја ладовина
под невидлива планина,
за почин на душава пеплосана.
И никогаш не знаеш,
до која длабочина
нечии очи ќе погледнат
и продрат во срцето твое.
Сегашна романса во ноќта посакав,
да ме разбуди, да ме понесе
во тоа време, сегашно невреме,
да го разбуди заспаното,
толку силно,
од сонот помилно,бесмртно,
а веќе пеплосано,
со божилок нанижано,
од очите истечено,
толку блиско, а далечно.
Ме имаше, толку колку јас го немав,
од овде до вечноста и наназад.
Во мислите замаени,
како пролетен ветер
кој носи мирис на боровина,
го чувствувам секоја утрина.
О, моја судбино!
Вечно од земја да се издигаш,
за да труеш во неа,
и толку мртвило да носиш
доволно за сите животи.
Те нема, ме има,
како сениште,
ме има , а за никаде сум,
со крилја скршени,
со зборови проклети,
со ум бајат,
во својот кафез,
со тага таговна,
од мугра до мугра распослана,
недогледна.
Ниту пуста желба,
ниту мирен сон,
ниту младост,
самеам.
Карпа мрак,
тишина преточена во поглед -недоглед.
Едно минато,
една љубов,
еден живот
помина.
Колку вдишувања, толку молитви,
колку солзи-толку сонувања.
Кому му е важно?
Со шепот небесен,
во зеници мермерен сјај,
посакувам крај
космички, миговен, човечки...
-напишано од мојата мила пријателка која многу ја сакам.
Ти благодарам за се убавино..

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar, Prashina and Lena