Ноќва сјаи лицето на август,
занемува ѕвезди,
во една тишина и прашина,
без дочек и будење со тажна мелодија,
врз неговото лице ниедна солза,
под него,
под мене,
плач втурант во море,
а таму сонцето се капеше под месечината,
и храбро се тркалаше во едно прекрасно виножито,
низ кое душата која вирее во мене,
ја разнесуваше на некои непознати бродови,
кои трепереа во црните бранови,
ловејќи некоја нестварност,
само мене позната,
која ти намигнува,
некаде,
каде насмевката исчезнува,
во песокот низ кој поминуваат толку непознати стапки,
и длабат некои усни полни со љубов,
криејќи се некаде во прегратките,
на некои височини,
каде бог ме допре,
и ме претвори во свилено едрење.
занемува ѕвезди,
во една тишина и прашина,
без дочек и будење со тажна мелодија,
врз неговото лице ниедна солза,
под него,
под мене,
плач втурант во море,
а таму сонцето се капеше под месечината,
и храбро се тркалаше во едно прекрасно виножито,
низ кое душата која вирее во мене,
ја разнесуваше на некои непознати бродови,
кои трепереа во црните бранови,
ловејќи некоја нестварност,
само мене позната,
која ти намигнува,
некаде,
каде насмевката исчезнува,
во песокот низ кој поминуваат толку непознати стапки,
и длабат некои усни полни со љубов,
криејќи се некаде во прегратките,
на некои височини,
каде бог ме допре,
и ме претвори во свилено едрење.
Последна промена: