Те барам во овој недоглед,
кој ги руши сите светови во мене,
те барам во бесконечноста.
во која и самата се изгубив,
те барам во ова капка вино,
која се слизнува сега низ
полупразната чаша,
и исчезнува некаде
а јас заедно со неа
се соединувам,
те барам во димот
од цигарата што го испуштам,
со која немирно играат моите прсти,
и за момент те здогледувам,
зрак светлина од очиве,
те заслепи во небесен отсјај,
се креираш,се вајаш,
се издигнуваш во облик,
кој стана лик
што срцево го препозна
а душава го посака,
во неа да остане,
да ја чува и милува,
и не,сепак не си,
само илузија е,
чиста имагинација,
фатаморгана во пустина,
исчезнуваш при мојот допир,
се разнесуваш на ситни кристали,
од чашата која се крши,
и виното се разлева,
насекаде врз мене,
црвена дамка на
на мојот црвен фустан
поцрвени и од крвта
која извира без престан
од мојата рака,
и рана врз неа,
лузна врз раната,
една да е,
многу се,
насекаде се,
за туѓи очи невидливи
а за мене непреболени,
и оваа последна
се исцртува,
како тетоважа на
најболното место,
да потсетува засекогаш
На Тебе
кој толку те барав
што барајќи те
не сфатив дека
се изгубив самата.
кој ги руши сите светови во мене,
те барам во бесконечноста.
во која и самата се изгубив,
те барам во ова капка вино,
која се слизнува сега низ
полупразната чаша,
и исчезнува некаде
а јас заедно со неа
се соединувам,
те барам во димот
од цигарата што го испуштам,
со која немирно играат моите прсти,
и за момент те здогледувам,
зрак светлина од очиве,
те заслепи во небесен отсјај,
се креираш,се вајаш,
се издигнуваш во облик,
кој стана лик
што срцево го препозна
а душава го посака,
во неа да остане,
да ја чува и милува,
и не,сепак не си,
само илузија е,
чиста имагинација,
фатаморгана во пустина,
исчезнуваш при мојот допир,
се разнесуваш на ситни кристали,
од чашата која се крши,
и виното се разлева,
насекаде врз мене,
црвена дамка на
на мојот црвен фустан
поцрвени и од крвта
која извира без престан
од мојата рака,
и рана врз неа,
лузна врз раната,
една да е,
многу се,
насекаде се,
за туѓи очи невидливи
а за мене непреболени,
и оваа последна
се исцртува,
како тетоважа на
најболното место,
да потсетува засекогаш
На Тебе
кој толку те барав
што барајќи те
не сфатив дека
се изгубив самата.
Последна промена: