Ваша поезија

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ти и јас,
од ниедна вера,
под еден Бог,
наречен Небо,
патници во ноќта,
сведоци на ѕвездите,
љубовници на душите,
безгранични,
во војна од зборови,
умираме.
Јас и ти-не ние,
еден спроти друг,
во солзи,
го гушкаме мигот,
кој исчезнува како светлина,
опиени од животот
оставаме печати на денот,
насмевки крадеме,
и како деца заспиваме.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Последни зборови

Ноќва би можел,
да напишам стихови,
за тебе и мене,
поеми од крвта откинати,
беседи од очиве истечени,
но ќе ја оставам тишината,
последна,
нека проговори,
а ти слушни ја,
толку многу има да ти каже,
од она моето,
што живот значи,
кое низ неколку чекори,
го вдишувам секој ден,
и од нив ќе ти посвети само еден чекор,
една радост,
која не сакав никогаш да згасне,
на тоа место кое крај значи,
на една љубов од минатиот живот,
на едно минато,
со кое ги измив прстиве,
кои пишуваа за тебе.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во длабочината

Се гледам себе
како стојам
сосем изморено,
од копање
по
рушевините
на сопственото битие.
Можеби,
не бев тоа јас,
можеби стојам на
купиштата
маски кои ги носев на
себе,
оние кои ги кинев од
лицево,
една по една,
да би се разголила сосем
до утробата на својата душа,
барајќи го изворот.
Не знам ни која сум
ни што сум,
ниту колку ќе трае
овој
мој пат.
Верувам
ќе ја видам светлината
пред себе,
наскоро,
се надевам
нема да трае долго,
да се најдам повторно,
градејќи се,
како личност,
овој пат,
свесно
поставувајќи ги
темелите на љубовта,
таму некаде во длабочината.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ти незнаеш
Ти незнаеш колку извори
од мене протекуваш,
и колку маски од лицето
соблекуваш.
Ти незнаеш
колку соништа обојуваш
и колку солзи искапуваш.
Ти незнаеш
колку насмевки крадеш
и колку погледи
и колку мисли
и мигови
во душата се скриени.
Ти незнаеш ,
ни кој ден ,
ни која ноќ
со молк те повикувам
во мене
како трепет
како ветер,
како привидение.
Ти незнаеш
што во мене будиш.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Таа заминува,
после толку пролетти,
расцутени во нејзините коси,
во еден поинаков за неа свет,
осамен,
без моето зреење,
колку ли само вистини нанижала,
во чекорите со кои заминува,
толку болки жигосани нема,
врз плеќите на човекот што страда,
од ровка мака љубовна,
мислев цела вечност,
ќе ме одминува,
со тој поглед кој душата,
ја лекува,
смирува,
во самракот без сонце,
успокојува,
таа заминува,
во нашата небиднина,
оставајќи ме сам со копнежот,
кој секогаш го носев за неа,
а сега и недостигот,
што самее во иднината,
виснал од ведрото небо,
со гаврански крилја прекриено,
со канџите нечовечни,
во градиве прав зарива,
поситен од крвта,
која во мене запрела,
таа заминува,
осудувајќи ги очиве,
на тага без солзи,
да ја видат уште еднаш,
и никогаш повеќе,
таа заминува,
оставајќи еден миг од јавето,
доволно жив,
да не го одсонувам никогаш.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Носам во мене
една мисла,
таа една,
во κρвта што жубоρи,
ноти бесκρајни,
немиρи,
во самρаκот тивκи и длабоκи,
небиднини,
и во неа минат гρст ρиби,
тρепеρливи,
низ очиве од моρе извајани,
песоκливи,
чиниш од небото неκој со
κапκа световна ги натопил,
една по една,
ги оживува,
оплеменува,
повтоρно и повтоρно,
во нив тоа јато што молчи во мене
κо стаρа жена свиена
и со ρапави ρаце тκае
тенκа ρуба свилена,
цρносмρтна,
што чуден сјај има,
во денот на темнината и се додвоρува,
за во ноќта без ѕвезди,
да знае што најдобρо ми пρилега,
јас тишина,
а таа лицето го поκρила,
таа мисла,
од волшебни ρидишта донесена,
млада девојκа,
што во нејзиниот лиκ се соκρива.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Знаеш ли?
Кога зборовите исчезнуваат
ништо потребно не е,
кога погледот одбегнува
ништо доволно не е,
кога гледаш, а не гледаш,
мачно е.
Кога знаеш,
и мислиш - подобро е,
доволно е,
другото се непотребно е.
Кога жарот друг оган потпалува,
кога зборот
друга душа стоплува,
кога мирот
друг сон смирува,
почини си,
и замини.
Се останато
несреќа е.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Додека стоиме еден пред друг


Додека стојам чекор
одалечена од тебе
го чувствувам твојот здив.
Го чувствувам немирниот
ритам на твоето срце.
Гледам како нашите души
се милуваат,
како повторно да се сретнале
во овој живот,
препознавајќи се.
Одамна договорена средба,
без да бидеме известени
за неа.
Без објаснување.
Без како,зошто,кога.
Додека јас и ти ги
контролираме чувствата,
и зборовите,
стоејќи збунето еден пред друг,
го палиш
факелот кој ме води
назад во мојата егзистенција.
Се огледувам во тебе,
ме рефлектираш,
во сите мои фасети и бои.
Твојата присутност се разлева
длабоко во мојата внатрешност како лава
и постанува жешко.
И додека стојам така
гледајќи те,
чувствувам како крвта во моето
тело струи низ вените и капиларите,
така златна исполнета со љубов.
Добивам импулс да побегнам.
Да се сокријам.
Да ме снема.
Но,стојам пред тебе со блага
насмевка и обично:
Здраво!
Нема каде да се кријам,
нема каде да побегнам.
Ти си во мене,од првиот миг.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сокриј ме во тие очи,
од другите погледи,
отвори врати
и спроведи ме
во твоите одаи.
Однеси мирис на ружи
од усните
и допри,допри, недопрено .
Во сонот љуби ме,
и стопли ме,
во животот замрзнат,
да не заборавам
да живеам.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Во мугрите,
сива магла гроб завеала,
некаде далеку,
на некоја нерамнина,
на висина недогледна,
во очите оштра стрмнина,
каде човечка нога не чекори,
каде птичји крик не ѕвони,
а сонот запира,
и желби радосни разгорува,
разбудува,
чувства вековни,
во нив световни,
што љубов заобиколуваат,
но по друга посегнуваат,
поинаква,
во неа,
се точи мудрост,
млада,
стара,
сега самртна,
која човек од човек,
не дели,
зло од добро,
не раздели,
што ме роди,
што ми живот вдахна,
што ми мисла створи,
да паметувам,
да самеам,
да утрото без роса на лицето,
го разденам,
да осамне денот,
со едно сонце,
без солзи натопено,
да осветли,
карпа мрак,
што во мене пече,
и наместо вино,
тага налева,
да тече,
тече во крвта студена,
распорувајќи го молкот,
молк од бдеење вековно,
и целата болка од небесата,
од сите ѕвезди,
што во занес паѓаат,
од минатото,
до сегашноста,
во мене ги преточила,
во маглата,
сива што гроб покрила.