Се будам во ноќите
во црна свила завиени,
прашувајќи се
реалност ли сум,
која сум,
каде сум,
дали сум само една
од безбројните,
и оние изгубените,
во вртлогот на животот,
игра на судбината,
со причина,
или случајно,
немам одговор,
само прашања,
едно,второ,трето,
се нижат
до бесконечноста,
а јас
се губам во нив,
студено лице,
камени усни,
очи без очи,
и по некоја солза
залутана,
мала а тешка,
ноќта ќе ја измами,
душата да се испразни,
и нема да е прва,
ниту последна,
но единствена од тебе,
за тебе и по тебе,
а не сакам,
не сакам веќе,
ниедна повеќе,
сакам ноќ
со ѕвезди,
и ѕвезди во
месечина,
кога се будам
сонце во мене,
изгрејсонце без
зајдисонце,
сакам ноќ
со усни разиграни,
со твоите споени,
и лице од среќа извајано,
во твоето претопено,
очи и очи,
мои и твои,
за љубов создадени,
со љубов исполнети,
без зборови,
не се потребни,
ништо друго
не е потребно,
само јас,ти, и
нашето постоење,
во една поинаква за мене
ноќ.