Ја најдов во тефтер барајќи сосема нешто друго.
Тебе сончевино,
ти ја подарувам душата,
не ми треба,
не ја сакам,
и така бездушна
во прегратки ќе ти се вивнам,
за да не чувствувам,
за да не болам ,
за да преболам,
за да не сонувам,
за да не љубам.
И јавето во сон ќе го облечам,
нови руби за нови мигови,
и со насмевки ќе го накитам
за туѓи убавини.
Не се плаши,
лошо не ти носам,
освен спомени,
мои кошмари,
со кои ќе го насликаш денот
во слика без рамки ,
без мисловни граници.
Тебе сончевино,
ти ја подарувам душата,
не ми треба,
не ја сакам,
и така бездушна
во прегратки ќе ти се вивнам,
за да не чувствувам,
за да не болам ,
за да преболам,
за да не сонувам,
за да не љубам.
И јавето во сон ќе го облечам,
нови руби за нови мигови,
и со насмевки ќе го накитам
за туѓи убавини.
Не се плаши,
лошо не ти носам,
освен спомени,
мои кошмари,
со кои ќе го насликаш денот
во слика без рамки ,
без мисловни граници.