Да ти спомнам
Кога прашина ќе станам,
нема да ме препознаеш,
но ќе се прашуваш од каде толку
љубов носев,
за тебе,од себе откината.
И тогаш на браздите од челото
ќе ти се одморам,
на врвовите од клепките ќе заспијам,
до тебе, со тебе ,
ни далеку,ни близу
за едно сеќавање.
Јас ќе сонувам,
ти ќе солзиш по светлината
на младоста,
и некаде таму во тагата
ќе се сретнеме
во вечна прегратка.
Кога прашина ќе станам,
нема да ме препознаеш,
но ќе се прашуваш од каде толку
љубов носев,
за тебе,од себе откината.
И тогаш на браздите од челото
ќе ти се одморам,
на врвовите од клепките ќе заспијам,
до тебе, со тебе ,
ни далеку,ни близу
за едно сеќавање.
Јас ќе сонувам,
ти ќе солзиш по светлината
на младоста,
и некаде таму во тагата
ќе се сретнеме
во вечна прегратка.