Ваша поезија

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Несакам повеќе да те видам ќе ме сокрие ноќта од тебе успеа да се засрамам што те сакав како себе!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Има нешто во квечерината,
нешто тајно,
кое ме потсеќа на нас,
така замислен,
понекогаш,
го погледнувам,
безвремено,
низ мојот прозорец,
со лице згрчено,
а во градиве,
чиниш срцето сака да застане,
и од него не јачат таги и страдања,
пискотници,
во него владее една тишина,
и самата си исплела од косата,
плетенка од цвеќиња,
не нанижала во детска игра,
еден до друг,
но не и истобојно,
со листови бели и црни,
не раздвоила засекогаш,
но сепак е дел од нас,
од ноќта и денот измешана,
засекогаш незаборавена,
и пркоси на вечноста,
таа квечерина,
која и пред да те запознаам,
е различна,
а иста,
е далечна,
а блиска,
гледајќи ја,
знаев дека има нешто во неа.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сањао сам ночас да ме нема
да се живот сасвим неочекивано
на предзадњој станици града
укрцао на путу без повратка

Сањао сам ночас да сам мачак
који лута пустом улицом
и не зна да је нада
обична дроља подмукла

Сањао сам ночас нешто
повезано снагом заблуда
које не могу речима пренети
никоме и никад потпуно

Сањао сам ночас заборав
који је донела побједа
фино цјепљеног атома
у склоништу наших отаца
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Патував долго низ свилени сништа,
да се ρазбудам,
во пеρвеρзна утρина,
што повеќе ништо не е,
нити младост што мечтае,
помалκу,
оган што пламнува,
и таκа по неκоја навиκа,
без бои на пρстиве,
го наслиκав сето тоа,
со шаρенилото на очиве,
на една иста сива слиκа,
κоја миг за миг,
постојано пρелива,
неκоја повρзаност,
и ρаспρедува цρвено небо,
со сеκој ден од вρемето посивo,
се будам,
и не тρепеρам,
и запознавам човеκ со помалκу насмеви,
човеκ κој сеκоја ноќ,
вρемето го пρеслиκува во темни одρази,
исκлучително,
идно,
во сегашно,
во стρаст и залудност,
стρав навезен во одзив на сеκој очај,
заρазна себичност,
слобода,
суρова боρба пρесечена,
со тиња на јазиκот,
и иње на усните,
ρаспуκува ρаспната вистина,
измеѓу два меча,
моќ и немоќ,
на полноќ,
цρно бела фотогρафија,
осамен негатив,
згазен од суρов ѓон,
го κалави она во κое сонот заоѓа,
се будам,
не се ρасонувам,
очите се отвоρени,
се во мене спие,
и бега,
подлабоκо,
потивκо,
немо шепоти,
затајува,
бисеρи збоρови,
κои водат до тебе,
до мене самиот,
во висоκа шума загубена,
да не ρаздели,
едно,
помеѓу,
мене и тебе,
помеѓу,
знајни и незнајни,
една ρаκа,
подадена,
што плач даρува,
а со дρугата,
нишани,
κон вселената,
и пρедизвиκува ехо,
пρобива пρазни погледи,
ρазголувајќи не,
во танц со анѓелот,
κој демне и ја чеκа,
да заигρа чудната зоρа,
да се случи отκρовение на љубовта.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Те видов..
Пред да те видам.
Моја нејасна визија.
Го слушнав твоето име
пред да го слушнам од тебе.
Ме потсети на Архангелот.
Борецот на светлината.
Помислив..колку убаво име.
Те видов..
Те препознав.
Ме преплави со
емоции како ураган во кој се изгубив.
И сега..
Те опишувам.
Те сонувам.
Те идеализирам.
Визија,
реалност,
илузија,
реалност,
идеал,
реалност,
сон.
Што си?
Си плачел ли некогаш?
Денеска видов сува трага од солза
на лицето твое.
Каква тајна чуваш за мене?
Ќе дознаам ли?
Се прашувам кој ли те створил
така совршен?
Несовршено совршен.
Нека биде вистина.
Биди моја вистина.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сонувам мојата тага
распослана под твоите стопала,
и тие очи со длабочина на океан,
и насмевки кои гушкаат
и зборови кои галат.
Слушам моето срце
заспано во твоите дланки,
и душа заборавена некаде
и песна неодпеана
со акорди на животот.
Гледам хоризонти
и нови планини
изникнати оддеднаш
и воздишки кои само
љубов носат .
Чекорам во едносмерна насока
и паѓам и станувам,
се повеќе паѓања,
се потешки исправања на нозе.
И секогаш
кога помислувам крај е,
толку е,
се појавуваш светлино,
во облик на човек
во невозможни мисли
на непристапни патеки.
Илузија или вистина
чија порака носиш
под ова небо
кое е само нем сведок
на оваа претстава?
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Знам дека денес нема да ме побараш,
знам дека времето кое сакаш да го потрошиш со некого,
го трошиш со друга светлина,
знам дека во ноќите кога си пијан секогаш имаш потреба од друга,
знам и во ноќите кога сакаш да се допишуваш секогаш пишуваш со друга, а не со мене,
знам дека мојата тежина беше полесна со твоето присуство,
знам дека искуството наречено ти беше вонземско за мене,
дадено од небото како и овој живот,
знам дека нема никогаш да се повтори,
исто како и нашите пролетни прошетки и погледи во доцната есен,
знам дека ме истуркуваш од твојот живот како непотребност,
знам дека тоа што го носам во себе за тебе ќе умре со моето затворање на очите,
знам дека ме оживеа тогаш кога мислев дека сум мртва,
знам дека насмевите кои ги бликна на моето лице срцето ми го насмеаа,
знам дека најубавото вино е тоа што го вкусив со тебе,
знам дека мирот го почувствував во твојата прегратка
и посакувам да исчезнам во таков мир,
тоа би значело дека правилно сум го потрошила животот и заминувам во мир,
знам дека си човек со човечки вредности,
знам дека секое сонување во кое си е благослов,
знам дека кога имам несоница мислата на тебе ми донесува сон и спокој,
знам дека можеби нема да бидам жива кога ќе го прочиташ сето ова,
но знам дека во овој земен живот некогаш ќе разбереш што сакав да ти кажам,
знам дека инфузијава ме боли до даска,
знам дека беше љубов без мејкап.
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ти ги разбудив демоните зар не?
Гледам како дисциплинирано
се бориш против нив.
Те соборуваат и те растргаат.
А ти,
со мечот упорно ги убиваш..
Не им се предаваш.
Велам..
Предај им се.
Шептам..
Препушти им се.
Нека ти постанат пријатели.
Ќе ги чуеш нивните
пораки,
ќе ги освоиш како мене
што ме освојуваш со својот шарм.
Ќе ги победиш.
Ќе се победиш себе,
ќе се пронајдеш себе,
спуштајќи ја маската.
Те познавам..
Ја чувствувам болката
и моја е.
Ќе заминам..
Кога ќе се пронајдеш.
До тогаш,
ќе те рефлектирам.
Тебе и сите твои
слабости и стравови.
Како ти што ги рефлекрираш
моите.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Јас сум само љубов,
без страст и несватена желба,
неделива со љубомора и омраза,
делива со друга,
со знаење дека,
секоја е убава,
помирисна,
од најубавиот цвет,
кој венее,
и не трае вечно,
како што љубовта,
која венее,
и остава лузна,
вечна,
до смртта.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Eден ден,сосема обичен,
ќе дојдеш,ќе ме посакаш,
очекувано или неочекувано,
а јас ќе те препознаам
во тој миг
ќе блеснеш во црн одблесок,
што заслепува,
и ќе те видам
за повеќе ништо да не гледам,
ќе ме допреш,
ќе почувствувам,
за повеќе ништо да не чувствувам,
ќе ми вдахнеш здив,
и ќе ми го земеш мојот,
ќе ми подариш темнина
која ќе биде моја нова светлина,
ќе ме разбудиш за да заспијам,
ќе ми го земеш немирот,
но ќе ми дадеш мир и блаженство,
и солзите со својот студ
ќе ги заледиш
на моето лице без израз.
И правта од мојата душа
ќе ја разнесеш врз
срцата на оние
неутешните по мене,
и тагата ќе ја
залечат со неа.
Тој ден,навидум обичен,
сосема спокојна
ќе те пречекам
и ќе изговорам
-дојди посакувана,
и дај ми живот
со мојата смрт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina