Која и да си,
дојди вечерва,
како со некоја,
нечија,
некаде,
пред многу години,
оживеј ме,
убивај ме,
дај ми го твоето најдраго,
да се изживувам со него,
да го опивам,
обљубувам,
консумирам,
пијалок од твоите течности,
без страв,
без чувства,
со телото,
допир врз допир,
пот на пот,
старомодно,
дивјачки,
да те удавам во мојата душа,
во оваа џунгла бескрајна,
во која не постои жешка ноќ,
само вкус на месо,
усни лепат врз него,
како животно крволочно,
да те обезвреднам,
наоколу се е распламнато,
во веренички прстен запалено,
низ месечината погледнато,
не постои,
во утрото,
кога ќе се разбудам,
нежно протегни се,
погледни ме,
ќе ти подарам оаза,
од дланкиве извор,
да се напиеш,
ќе знаеш,
тоа не бев јас,
тоа си ти,
како јас.
дојди вечерва,
како со некоја,
нечија,
некаде,
пред многу години,
оживеј ме,
убивај ме,
дај ми го твоето најдраго,
да се изживувам со него,
да го опивам,
обљубувам,
консумирам,
пијалок од твоите течности,
без страв,
без чувства,
со телото,
допир врз допир,
пот на пот,
старомодно,
дивјачки,
да те удавам во мојата душа,
во оваа џунгла бескрајна,
во која не постои жешка ноќ,
само вкус на месо,
усни лепат врз него,
како животно крволочно,
да те обезвреднам,
наоколу се е распламнато,
во веренички прстен запалено,
низ месечината погледнато,
не постои,
во утрото,
кога ќе се разбудам,
нежно протегни се,
погледни ме,
ќе ти подарам оаза,
од дланкиве извор,
да се напиеш,
ќе знаеш,
тоа не бев јас,
тоа си ти,
како јас.
Последна промена: