Стојам цврсто врз железната планина,
рацеве факели палат стотици бели пламени,
да ти го осветлат патот до мене,
не биди ѓаволеста,
биди симбол на новата религија,
откриена,благословена и вечна,
како во молитвите,
создадена од излечени лузни,
гребат врз ѕидовите на нашите души,
ги познавам,
ги запознав одамна кога светлата беа темни,
кога болките беа претешки,
а мислите полни со злоба,
погледни во моите очи,
види не во иднината,
моја и твоја,
во симболот на нашата ера,
во која не постојат солзи,
ќе заборавиш да мразиш,
ќе научиш едноставно да љубиш.
рацеве факели палат стотици бели пламени,
да ти го осветлат патот до мене,
не биди ѓаволеста,
биди симбол на новата религија,
откриена,благословена и вечна,
како во молитвите,
создадена од излечени лузни,
гребат врз ѕидовите на нашите души,
ги познавам,
ги запознав одамна кога светлата беа темни,
кога болките беа претешки,
а мислите полни со злоба,
погледни во моите очи,
види не во иднината,
моја и твоја,
во симболот на нашата ера,
во која не постојат солзи,
ќе заборавиш да мразиш,
ќе научиш едноставно да љубиш.
Последна промена од модератор: