Во огледало одраз немам очи да исполнам
облик ќе создадам,душа да оформам
на бел лист ќе го нацртам.
Молив земав,на листот сенчам
цртам во занес,себе да се видам
Повлеков една,две,па и три линии
форма си давам ,очи ,уши,нос и уста ставам
За момент застанав реков,готово
сега да се видам.
Тишина настана.....па зарем вака душата моја изгледа!
Каков ѕвер сум,на изумрен вид слика сум бил.
Молив на пола прекршив,грда слика што оформи
ваков ѕвер само во бајки постои.
Мали деца со него плашат,ги чува од страв грев да не прават.
Наопаку листот го свртев,помислив со спротивност да го сокриев.
Нов молив зедов,
цртав,сенчев човечки лик правев
малку гнев,малку љубов од шокот потиштен.
Толку,човекот готов е,пола маж,пола жена
пола бело пола црно,ангел и демон.
Лист од две страни исцртав,себе да се познаам
тоа е срце со две комори што чука.
Тежок медаљон в гради што го кријам.