Стихови
Секоја вечер заспивам со нив.
Стихови...
Го мамат мојот поглед и
креираат романтични светулки
по сокаците на моето срце.
Камени сокаци поплочени со зборови
од живот.
Посегнувам со очиве и допирам
туѓ свет..
Или тој ме допира мене.Сеедно.
Зборови се тоа,
зборови магични.
Мисли залутани,
мисли отфрлени.
Заљубена во стихот..
Заљубена во огнената стихија на нечии
разжарени чувства.
Секоја вечер заспивам со нив.
Стихови...
Го мамат мојот поглед и
креираат романтични светулки
по сокаците на моето срце.
Камени сокаци поплочени со зборови
од живот.
Посегнувам со очиве и допирам
туѓ свет..
Или тој ме допира мене.Сеедно.
Зборови се тоа,
зборови магични.
Мисли залутани,
мисли отфрлени.
Заљубена во стихот..
Заљубена во огнената стихија на нечии
разжарени чувства.