Зборови,
слушнати или запишани,
во мислите глуви од никој и ништо забележани,
оние добрите уметности,
лошите декадентности,
од нив стихови од океани полни со живот и сила на моќта,
која ги мие гревовите на грешните,
од праведните поеми длабоки колку една човечка душа може да впие и истрае,
а да не заплаче,
зборови, стихови, поеми врежани во небото, ѕвездите, а и месечината, орнамент на оваа галаксија,
за луѓето ќе ги спомнам само оние вљубените,
во нивните воздишки,
со железни отчукувања запомнати,
во овој креативен дом,
од кој не погледнуваме нагоре,
и со други цивилизации букви не вкрстуваме,
вистинските,
за сите нив вечна инспирација во денот, ноќта и пресекот која создава форми кои често заспиваат под корицата која од умор се затвора,
метаморфираат принудени од предизвикани облици на чувство,
а чувства се бескрајни,
бескраи се повеќе,
колку време само е потребно да ги почувствуваш,
камо ли да ги запишеш,
и не е важно ако се студени и ако се прегрнеш со нив во нивното раѓање, живот и смрт,
ќе ги разбереш,
а оние лажните и во нивното раѓање и живот се мртви,
ко да не постоеле.