Недостигаш,
во денот со зборови неискажани,
за во ноќта,
низ сонот поема да испишуваш,
на друг јазик,
но ја разбирам,
во неа,
нежна верба,
од нежна девојка,
покрај храмот што одминува,
кревка молитва изустува,
гледам низ нејзиното тело,
во магла од емоции,
ликови во стихови,
чекорат околу мене,
насекаде е,
во илјада форми,
галаксија,
посакувано ја привлекувам,
се разнесувам,
и се принесувам,
се има смисол,
немо го создава нештото во мене,
а толку ноти насекаде,
отклучени и ширум отворени,
таму прашањата престануваат,
одговорите стасуваат,
гаврански канџи ја грабаат,
за да ме направат,
љубовен без љубов,
никогаш последен,
секогаш слободен,
не сакам да се разбудам,
во ниедно расположение,
не го сакам она,
кое остана пред мене,
без лажни ветувања,
без сожалувања,
со поглед ко стрела ме продира,
ги отворив очите,
ги допрев усниве,
се уште беше тука,
која си ти,
што ја боиш патеката на мојата орбита,
рефлексија во солза,
пандан на душава искапена,
го допирам срцево со твоето,
без емоција,
супернова.